Честопати неибалансираната исхрана, неправилното земање на оброци и недвижењето се причинители за таложење на маснотии кои поради вашата недоволна активност се претвараат во сало, а тоа нам ни претставува лична фрустрација.
Повеќето нутриционисти советуваат за да се почне здраво да се слабее најпрво треба да се намали нашиот дневен внес на калории кои сите ние знаеме дека треба да биде од 1400 ( кај жени ) – 2500 ( кај мажи).
Затоа ние ви нудиме супер решенија како да скратиме дури 100 калории од нашето мени.
- Замените ги газираните пијалоци со нивна „лајт“ верзија или пак природен сок.
- Наместо полно масно млеко користете млеко со минимум маснотии .
- Секогаш гледајте да изедете половина од вашата порција, а другата половина споделете ја со пријателите.
- Пијте колку можете повеќе зелен чај или вода тие ја отфрлаат вишокот вода и го прочистуваат организмот.
- Наместо грицки земете пуканки, тие се одлични немаат многу масти и се здрави.
Како да согорите 100 калории?
Возите велосипед минимум 15 минути интензивно секој ден по половина час.
Планинарете колку што можете повеќе.
Играјте на вашите омилени песни, за прв пат испразнете ја вишокот енергија како што вие сакате.
Наместо да користите лифт, скалите се супер замена.
Пливајте, одморите се ближат затоа искоритете го летото до максимумот.
Одете брзо.
Практикувајте минимум 30мин. Jога.
Уживајте во прошетката на вашето милениче ( 50 мин.)
Целта е постепено да ги отфрлате лошите навики и да ги практикувате добрите.
Со текот на време ќе ја почуствуватае разликата кај вас и ќе се чувствувате среќни,
Не одложувајте, време е за промени!