Со помош на овие три вежби отстранете ги масните наслаги од стомакот

Подготвени ли  сте да ги облечете омилените панталони со низок струк? Дали вашето  „стомаче“, кое веројатно се создал во текот на зимата, ќе ве попречи  да уживате во пролетната облека? Не грижете се, со правилна исхрана, многу вода и следните вежби, ќе се ослободите од “непожелните” остатоци од зимата.

vezba1

Заземете расчекорен став во ширина на рамениците,  со рацете испружени надолу веднаш до телото (1). Спуштете ја едната рака на долу кон колената додека другата бавно поткренете ја на половината. Осигурајте се дека вашиот грб цело време е во правилна (истегната) позиција (2). Вежбајте наизменично едната , а потоа другата страна. За да  постигнете уште подобри и побрзи резултати , во рацете земете мали тегови (или  шишиња со вода од половина литар). Направете вкупно 50 наизменични повторувања.

vezba2

Заземете еден поширок расчекорен став,  во свиткана положба. Рацете испружете ги пред вас (A). Вежбата се состои од ротација на телото во една па во друга насока,  притоа внимавајќи  колковите да не се движат (Б). Направете вкупно 50 наизменични повторувања.

vezba3

Легнете на подот или на клупата со раширени раце и нозе (A). Подигнувајќи ги рамената од подот (или клупа), обидете се со рацете да ги допрете прстите на нозете. Кога ќе ги допрете прстите, останете неколку секунди во оваа позиција и вратете се во почетната (Б). Направете 15 повторувања.

Не заборавајте пред вежбањето, да направите вежби за раздвижување , а потоа направете сет на вежби за истегнување и обликување.