Со јога намалете го високиот крвен притисок

Јогата е совршен спој на духот и телото, воспоставување на хармонична рамнотежа и совршен избор за одмор на телото и умот по напорниот работен ден.

Покрај благостојбата која ќе ви ја овозможат редовните јога вежби, ќе ви помогнат во регулирање на покачената телесна тежина, во намалувањето на високиот крвен притисок и нивото на покачениот шеќер во крвта.

Истражувања подготвени од индиски стручњаци биле спроведени на повеќе од сто учесници. Секој од испитаниците имал редовен јога-тренинг и трансцедентална медитација цели три месеци. Кај испитаниците дошло до намалување на обемот на струкот и намалување на крвниот притисок забележано е и намалување на процентот на шеќер и триглицериди во крвта, а дополнително било зголемено нивото на добриот холестерол (ХДЛ).

Доколку имате проблем со тежината, високиот крвен притисок и напорен работен ден вашето тело подарете му барем еден јога тренинг неделно.