Што никако не смееш да правиш кога си под стрес?

Стресот е секојдневен дел од животот, но доколку потрае подолго време, може да предизвика непоправлива штета и затоа неопходно е да се делува!

Хроничниот стрес може да го загрози твоето здравје, па и живот, но за среќа денес постојат многу начини за полесно справување со него.

Но за жал не сите начини се добри!

Сега сигурно се прашуваш дали можеби и ти грешиш некаде, во своите обиди за да го ставиш стресот под контрола.

Дали начинот на кој ти се справуваш со стресот тебе ти чини добро или лошо?

Многу луѓе кога ќе се најдат во состојба на зголемен стрес, ја губат самоконтролата и посегнуваат по некои нездрави начини за да се смират или за да се ослободат од тензичната состојба во која непланирано се нашле.

Затоа, овде ќе ги сумираме најчестите грешки кои ние луѓето ги правиме сакајќи да си го вратиме внатрешниот мир или пак едноставно да избегаме или заборавиме на стресната ситуација:

  • Претерано пиење алкохол
  • Употреба на недозволени супстанци
  • Пушење
  • Прејадување
  • Коцкање
  • Минување предолго време пред ТВ, комјутер или мобилен телефон
  • Целосно исклучување од светот и не правење ништо

Според мислењето на стручите лица кои се занимаваат со оваа проблематика, дури и навидум безизлезниот начин на справување со стресот како што е играњето на компјутерски и видео игри, може да ти наштети и дополнително да ти скрати од она време кое би требало да си го посветиш на грижата за себе.

На пример, ако во играње минуваш повеќе од седум часа неделно, најверојатно губиш и по два часа од ноќниот сон, што со тек на времето дополнително ќе ти го зголеми стресот и чувството на напнатост.

Истото се однесува и во случај кога со часови си седиш пред телевизорот и буквално не правиш ништо. Ваквиот погрешен пристап за бегство од проблемите и привидно справување со стресот, скоро секогаш предизвикува поголема штета отколку што помага.

И затоа, ако имаш веќе приметено дека си почнал намерно или ненамерно да употребуваш некоја од овие тотално погрешни и опасни методи, застани, престани со тоа и избери некој здрав начин за успешно справување со стресот.

Доколку сам не можеш да го направиш тоа, не се откажувај, за свое добро побарај професионална помош и тоа најбрзо што можеш.

Можеш да се обидеш и со проверената антистрес терапија која подразбира здрава храна, спортски активности, квалитетен сон и Dr. Viton Magnezan B6. Суплементите одат рака под рака со брзиот животен стил од многу причини. Прво, невозможно е да ги задоволите потребите за главниот антистрес минерал, магнезиумот, бидејќи храната и самата почва се сиромашни со магнезиум. Второ, и да ги задоволите дневно пропишаните потреби, стресот ќе ги истроши пред да трепнете. 

Затоа, дајте му ја на организмот неопходната заштита и потпора со магнезиум кој ќе ги исчисти клетките од стрес и ќе воспостави балансирано работење на кардиоваскуларниот, мускулниот, скелетниот, хормонскиот систем. Во комбинација со витаминот Б6, секое згрчено мускулче во телото ќе западне во зен фаза. 

Земи ја својата доза Dr. Viton Magnezan B6, бидејќи само така ќе им одолееш на погрешните искушенија. 

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)