Што да пиеш за да го спремиш телото за бебе, а не е фолна киселина

Планираш да забремениш, но од суеверие одлучи да не кажуваш на никој. Те разбираме, но твојата слатка тајна носи ризик да не му пружиш на твоето тело соодветна поддршка да го поднесе и изведе тој прекрасен чин.

Нема многу правила што треба да ги запомниш, всушност две се: треба да пиеш фолна киселина и треба да пиеш холин.

Најверојатно првото веќе го пиеш, а за второто прв пат слушаш. Затоа тука сме ние да ти го посочиме Dr. Viton – Choline суплементот што ќе ти овозможи лесна бременост и здраво бебе.

Холинот не е ниту витамин, ниту минерал, но по своите својства многу потсетува на витамините од Б групата па некаде можеш да го сретнеш и како витамин Б4. Во суштина е микронутриент кој го создава црниот дроб, но во мали количини и затоа е неопходно да се зема како додаток.

Фасцинантна е улогата на холинот во развојот на мозокот на фетусот, во создавањето на нервните мрежи и сите останати функции за кои е задолжен мозокот. Но, речиси 90% од беремените жени не го пијат од причина што не се информирани, или нивната мултивитамински суплемент нема вклучено холин, а реално и на нашиот пазар ретко може да се најде чист холин суплемент.

Затоа тука е Dr. Viton – Choline кој со една капсула ќе ти обезбеди доза од 500 мг холин, онолку колку што важат препораките. Иако, во текот на бременоста и во фазата на доење, дозата може да биде и 550 мг, но за тоа ќе се консултираш со својот матичен лекар.

Зошто ти треба холин пред да забремениш?

Во фазата на планирање на бременост и зачнување, имаш одврзани раце да  пиеш Dr. Viton – Choline, така ќе бидеш сигурна дека твоето тело ќе биде сигурна средина за нормален и правилен развој на фетусот, особено на неговиот мозок.

Имај на ум дека создавањето на невралната цевка (која подоцна ќе стане рбетен мозок и мозочно стебло) се случува 4 недели после зачнувањето (или 4 до 6 недели после првиот ден од последната менструација). Голема е веројатноста процесот да е отпочнат, а ти уште да не си свесна дека си бремена. Од овие причини холинот е нутритиент без кој не смее да стартува бременоста.

Зошто ти треба холин во текот на бременоста?

За време на бременоста, холинот ја поддржува плацентата (органот развиен во првиот триместар од бременоста кој го штити фетусот, обезбедува хранливи материи и го отстранува отпадот) во извршувањето на својата работа. Холинот ја формира клеточната структура на овој орган, промовира формирање на потребните крвни садови во овој нов орган и го олеснува транспортот на хранливи материи преку плацентата до гладниот фетус.

Како напредува развојот на фетусот, така се зголемува потребата од холин, но дозата ќе ја договориш исклучиво со својот лекар. Охрабри се и прашај за го за овој круцијален микронутритиент, особено ако го нема на твојата листа со витамини.

Холинот сфати го како градбена единица за мозокот, тој е еден од структурните компоненти на клеточните мембрани кој учествува во создавање на невротрансмитерите и нервните клетки. Холинот ја обезбедува правилната структура и работа на мозокот и спречува низа вродени недостатоци и ментални болести. За време на феталниот развој, холинот промовира размножување на клетките во областите на мозокот одговорни за учење, меморија и внимание.

Зошто ти треба холин во текот на доењето?

Самото мајчино млеко содржи холин, а тоа најмногу говори за важноста на оваа хранлива материја за развојот на бебето. Како бебето расте, така се зголемува неговата потреба за холин, а ако не доите, тогаш суплементот е повеќе од потребен, бидејќи во почетниот период од животот интензивно се формира мозочната структура и нервните мрежи.

Во првите неколку години од животот, во мозокот се создаваат повеќе од 1 милион нови невронски патишта секоја секунда. Големината на мозокот се зголемува четирикратно до предучилишната возраст, а до 6 годишна возраст мозокот добива 90% од својот волумен.

Dr. Viton – Choline микронутриент за нормална бременост и здраво бебе!

Нарачај веднаш на телефонскиот број (02) 3218-821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

или нарачајте онлајн:

https://alfalab.mk/proizvodi/choline/

(Достава до домашна адреса со брза пошта)

Dr. Viton – Choline капсулите можеш да ги набавиш во Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, како и дрогериите на dm и во сите подобро снабдени аптеки.