Поради специфичниот начин на живот и фактот дека на некој начин хонорарите им зависат од физичкиот изглед, одредени славни личности често држат ригорозни диети, со цел за кратко време да изгубат повеќе килограми. Ќе ви претставиме една од низата диети кои ги држат славните личности, но ви советуваме , пред да се одлучите да ја примените да се посоветувате со лекар.
Со помош на оваа диета познатите наводно успеваат да изгубат и до 5 кг за една недела.
Тајната на „чудесната“ диета е во тоа што храната која ја внесувате го чисти организмот и дава помалку калории отколку што трошите. Сепак, специјалистите препорачуваат додатно внесување на мултивитамини, витамин Б и витамин Ц за време на диетата.
1.ден-Овошје.Јадете било какво овошје освен банани.
2.ден-Зеленчук.Јадете само зеленчук- свеж, жив или варен. Избегнувајте грашок, грав и пченка. Можете да изедете на пр.печен компир со путер.
3.ден-Овошје и зеленчук. Хранете се како првите два дена, но овој пат исклучете го компирот од менито.
4.ден-Банани и млеко. Четвртиот ден од диетата дозволено е да изедете осум банани и да испиете осум чаши млеко со намалени масти, а може да се одлучите и за некој „лајт“јогурт. И покрај тоа што бананите содржат многу калории, неопходни се за да го надоместат калциумот и протеините, а да ја задоволат и желбата за благо.
5.ден-Пилешко / мисиркино. Петтиот ден дозволено е користење на пилешко и мисиркино месо и вкупно шест домати во текот на целиот ден. Потрудете се да испиете една чаша со вода после секој изеден домат.
6.ден-Месо + зеленчук. Од месото исто така можете да консумирате само пилешко или мисиркино со било кој зеленчук освен компир.
7.ден-Волшебна чорба. За оваа чорба потребни ви се:1-2 конзерви домати,6 главици кромид, 1 голема главица зелка, 1 сноп целер и 1 кесе супа со кромид.
Зеленчукот исечкајте го и ставете го во вода. Зачинете според ваша желба. Варете се заедно околу десет минути, а потоа додадете ја супата од кесето. Чорбата ќе биде готова кога зеленчукот целосно ќе омекне.