Појадокот богат со протеини ја подобрува контролата на апетитот и ја намалува потребата од нездрави закуски во вечерните часови, велат научниците од Универзитетот во Мисури. Иако појадокот е најважниот оброк во денот дури 60 проценти од младите го прескокнуваат , што е една од причините за дебелината меѓу младите луѓе.
Во студијата беа вклучени 20 млади кои имаат проблеми со дебелината, на возраст од 18-20 години, а кои го прескокнувале појадокот и консумирале високо протеински појадок од јајца и посно говедско месо со 35 грама протеини или јаделе “обичен” појадок кој се состоел од житарици. Секој оброк имаше 350 калории со одреден процент на диететски масти, растителни влакна и шеќер.
Пред вечера, испитаниците беа скенирани со магнетна резонанса на мозокот, каде беа следени мозочните сигнали кои ја контролираат мотивацијата за храна. Беше констатирано дека високо протеинскиот појадок откако обезбеди ситост, ја намали активноста на мозокот одговорна за контрола на храната. Исто така го намали бројот на нездрави вечерени оброци, во споредба со групата испитаници кои не појадуваат или кои конзумирале само житарки.
Оброкот богат со протеини влијае на ситоста подоцна во текот на денот, кога е поголема веројатноста дека ќе јадете нешто висококалорично. Покрај тоа, протеините повеќе ќе ве заситат од мастите и јаглехидратите.
Експертите велат дека ваквото минимално влијание врз апетитот може да го намали вкупниот дневен внес на енергија.