На жените кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми секако не им се препорачува да јадат во доцните вечерни часови. Со оглед на фактот дека нашето тело не употребува еднакво количество на енергија во текот на денот и ноќта, вишокот на храна се претвора во масни наслаги.
Следниот пат кога ќе посакате навечер да јадете одлучете се за производи богати со влакна. Ние ви откриваме 4 производи кои можете да ги јадете доцна навечер, а кои нема да и наштетат на вашата линија или сон.
ТУНА
Туната е ниско калорична, богата со протеини и содржи многу мал процент на шеќери. Па порaди тие причини е совршен касновечерен оброк.
МЛАДО СИРЕЊЕ
Младото сирење содржи касеин, протеин кој на вашето тело и за време на сонот му обезбедува доволно енергија.
МИСИРКИНО
Ако ви се јаде месо одлучете се за мисиркино бидејќи тоа ја содржи амонокиселината триптофан која го забавува процесот на празнење.
МЕД
Покрај тоа што ќе го намали гладот медот ќе ви овозможи и подобар сон.