Еден од најчестите изговори кои луѓето си ги кажуваат себеси за да не вежбаат e: „Многу сум уморна“. Работата е толку едноставна – немам енергија, сила или волја за вежбање.
И не е ни чудно – позафатени сме од кога било претходно, по цел ден работиме, постојано имаме обврски околу деца, спиеме сѐ помалку. Уморот не го перципираш додека си на нога. А седнеш ли на удобниот кауч, ни кран не те мрда.
Па најмалку на памет не ти паѓа да вежбаш!
А вистината е дека колку повеќе го одолговлечуваш вежбањето, толку помалку енергија и мотивација ќе имаш за вежбање.
Како да дојдеш до повеќе енергија и да не го прескокнуваш веќе вежбањето?
Касни нешто корисно: Правиме муабет за некој ситен оброк од сложени јаглехидрати, здрави масти и протеини. На пример: грчки јогурт и гранола, јаболко со путер од кикирики или шака јатки и банана. Многу е важно овој мал оброк да го внесеш еден час пред вежбање. Хранливите состојки ќе му дадат на телото енергија и ќе овозможат подобар перформанс.
Хидратација: Веќе и самите себеси си станавме здодевни, но пиењето вода е од есенцијална важност за организмот. 70% од човековото тело е вода, а водата е неопходна за извршување на огромен број функции на клеточно ниво. Што се однесува до вежбањето, водата ја регулира телесната температура и помага при пренос на кислород до мозокот.
Истегни се: Никој не вели да облечеш патики за вежбање, да влезеш во сала и веднаш да се фатиш за кардио вежби. Но, наједноставното истегнување на телото е корисно и за да се избегне повреда при вежбањето, но и за да се разбудат мускулите и да се подготви телото за она што следува.
Направи музичка листа за вежбање: Бидејќи ништо не мотивира толку силно, како кога ќе го слушнеш ритамот на одредена песна! Докажано е дека музиката го намалува уморот и дава моментално чувство на енергија. Вклучи ја твојата музика уште пред да стигнеш во салата за вежбање или на патеката за трчање.
Форсколин: Станува збор за растение чиј екстракт од корен се користи за регулирање на глукозниот метаболизам. Редовниот внес на форсколин во организмот овозможува стабилизирање на шеќерот во крвта. Тоа значи дека клетките не се преплавени со инсулин, па телото има доволно време да ги топи мастите помеѓу еден оброк и друг и да ги претвори во енергија.
Покрај тоа што го намалува заморот, форсколин го регулира апетитот, а со тоа и телесната тежина. Го намалува обемот на масно ткиво околу стомакот и ослободува енергија.
Dr. Viton – Forskolin претставува додаток на исхраната кој содржи форсколин од FrosLean®.
FrosLean® е патентирана природна состојка форсколин: екстракт од корен од билката Coleus Forskohlii (стандардизиран на 10% форсколин).
Производот ќе го најдете во аптеките на: Зегин, Еурофарм, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Роса Вита, Алпи Фарм, Вивалек, ДНА Анни Фарм, dm и Cosmo – Tinex, како и сите подобро снабдени аптеки.
Или нарачајте ONLINE со кликнување на линкот
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-forskolin/
Може да го нарачате и на телефонскиот број: 02 3218 821
(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!