Ако се голем љубител на виното, еве начин како да ги искористите празните шишиња на креативен начин. Со малку имагинација и труд, можете да ги претворите во вистински снежен украс.
Потребно ви е:
- 3 празни шишиња ( уште поубаво ако се со различна големина)
- Основна бела боја
- Четка за боја и четка за лепило
- Крупна сол
- лепило
Постапка:
- Измијте ги шишињата убаво (ослободете се од налепници и етикети), исушете ги и премачкајте ги со бела боја.
- Кога ќесе исушат убаво, премачкајте ги со лепило.
- Истурете ја кристалната сол на парче хартија и додека не се исушил лепакот, тркалајте го шишето во солта.
- Постапката повторете ја и со другите шишиња
- За поуникатен печат, може да ставите крупна кристална хималајска сол со прекрасна розова боја.