За големи гурмани кои уживаат во вкусно парче месо и бело германско сирење. Одличен избор за викенд-ручек.
Состојки:
4 дебели свински котлети (кременадли)
200 гр младо сирење
50 гр германско сирење
2 чешлиња лук
1 лажичка сецкан магдонос
1 лажичка сецкан влашеч
6 дл јунешка супа
1 дл павлака
1 лажица брашно
200 гр шампињони
700 гр компир
30 гр путер
1дл млеко
1дл масло
Мешавина на зачини и бибер
Подготовка:
1. Свинските котлети засечете ги на средината за да се добијат отвори за полнење.
2. Потоа преку кеса истенчете ги со толчник и зачинете по вкус.
3. Посебно соединете го иситнетото младо сирење со германското сирење и магдоносот и зачинете по вкус.
4. Наполнете ги кременадлите со подготвениот фил и затворете ги со чачкалици.
5. Наполетите кременадли пропржете ги од двете страни на малку масло, а потоа продолжете со динстање со повремено налевање од јунешката супа.
6. Кога ќе омекне месото додадете ја изматенате павлака со брашното, зачинете по вкус и гответе додека да се добие саканата густина.
7. Излупениот компир и исечкан на коцки обарете го во солена вода. Потоа испасирајте го и додадете го путерот, млекото и зачините па добро измешајте.
8. Готовите котлети служете ги со пире од компир.