Сите луѓе ширум светот кои имаат проблеми со телесната тежина и вишок килограми се мачат со диети, изгладнување, постојано вежбање, но понекогаш резултати едноставно нема. Тоа претставува огромна фрустрација и демотивација и луѓето повторно наоѓаат утеха во храната. Се што ви треба е упорност, правилна и здрава исхрана, природни додатоци кои го забрзуваат процесот и редовна физичка активност. Погледнете за кој додаток ќе позборуваме денеска и кои се неговите придобивки. Станува збор за Л-карнитин.
Единствен согорувач на масти погоден и за дијабетичарите
Без разлика на тоа во колкава мера сме оптеретени со нашиот физички изглед, сите би сакале да го покажеме најдоброто од себе. Изгладнувањето и прекумерното вежбање не само што не можат да дадат долгорочни ефекти, туку можат сериозно да му наштетат на телото. Овој концепт не е воопшто нов или непознат. Но, се чини дека на повеќето од нас нѝ треба потсетување дека сета енергија која ја трошиме со физичките активности може да даде многу подобри резултати со правилна исхрана. Исто така мораме да се потсетиме дека „правилна исхрана“ не е синоним за диета, туку за практикување на поквалитетна исхрана на долг рок.
Брзи резултати по природен пат
Позитивните ефекти од користењето на Л-карнитин во однос на топење масти и зголемување на издржливоста се откриени пред повеќе од 100 години. Од тогаш до денес листата на придобивки од овој суплемент само се зголемува како резултат на подетални истражувања, па така Л-карнитинот стана еден од основните суплементи за спортистите и за оние кои се грижат за своето здравје.
Светските експерти редовно сугерираат дека исхраната е најголемиот фактор кој влијае на нашиот физички изглед. Ова секако не значи дека треба да го занемарите вежбањето. Напротив, треба да го комбинирате со правилна и здрава исхрана за максимум резултати во обидите да го доведете телото во топ форма.
Што е всушност Л-карнитин?
Длабоко во нашите клетки се наоѓаат митохондрии кои им помагаат на клетките да ја искористат енергијата која ја внесуваме преку храната (јаглехидрати, протеини, масти). А основната функција на Л-карнитинот во нашиот организам е транспортирање на масните киселини од храната до митохондриите, каде тие се претвораат во залихи на енергија која може веднаш да се искористи. Л-Карнитинот го намалува чувството на умор и го засилува аеробниот капацитет, со што помага во согорувањето на повеќе калории.
Секое движење кое го правиме зависи од овој процес, па затоа недостатокот од Л-карнитин во телото резултира со замор, вртоглавици и болки во мускулите. И обратно, снабдувањето на организмот со Л-карнитин помага во трошењето на мастите во вид на енергија, што ја зголемува силата и издржливоста.