Патување, најефикасната анти-стрес метода

Моќтa за да си создадеме најубав живот, најубава реалност, се наоѓа длабоко во самите нас. Интересно е како нашиот образовен систем некако заборава да не научи како да ја активираме таа моќ за наше добро, како да го користиме сопствениот ум за да размислуваме и креираме.

Болни, изморени, незадоволни, исполнети со лутина и страв, никој од нас не треба да живее така. Моќта за креирање на подобар и поубав живот е веќе во секој од нас!  Треба да се запрашаме што би можеле да промениме, што ни недостига, што би не направило посреќни, и чекор по чекор да тргнеме кон остварување на сопствените соништа!

Повеќето од нас сакаат да патуваат, и експертите се согласуваат дека патувањето е анти-стрес метода која дефинитивно прави и најголем мерак.

Се што треба да направиме е да си избереме дестинација од интерес, да го испланираме патот, да ги спакуваме торбите. Интересно е што дури и самиот процес на планирање и подготовка веќе делува позитивно, исполнувајќи не со возбуда и радост.

Патувањето е одличен начин за намалување на стресот, за откривање на нови места, но експертите велат дека патувањето често ни нуди и можност да се истражиме и себеси и да почнеме да работиме на разрешување на сопствените внатрешни конфликти.

Патувањет дава можност и за запознавање на нови луѓе, можност за зголемена комуникација и размена на искуства, што исто така поволно влијае врз нивото на насобран стрес.  Честопати искуствата на другите може да ни помогнат полесно да се справиме со нашите стресни животни ситуации.

Еве неколку сумирани придобивки од патување, кои може да ни помогнат да го намалиме стресот:

  • Излегување од зоната на комфорот: Патувањето честопати го побудува авантуристичкиот дух во нас, не прави да се чувствуваме посамостојно и да изнаоѓаме брзи решенија доколку се соочиме со некои неочекувани ситуации или проблеми. Ретко кога се оди според замислениот план и токму тоа вади од зоната на комфорот и ни помага да бидеме поспремни за справување и со други неочекувани или стресни ситуации во иднина.
  • Откривање на други култури: При запознавањето на новите култури, ние не само што се запознаваме со нивните обичаи, и начин на живот,, туку дознаваме и за начинот на кој тие се справуваат и ги решаваат секојдневните проблеми.
  • Обновување на животната енергија: Кога патуваме ние си посветуваме повеќе време себе си, се одмараме, се релаксираме и си ја обновуваме животната енергија. Такашто кога повторно ќе се вратиме во секојдневната рутина се  враќаме освежени и подготвени за нови успеси.

За да бидете сигурни дека планирањето на патувањето, а и самото патување ќе течат како подмачкани, подмачкајте ја сопствената психа. На тој начин сите отскокнувања од планот ќе ги доживеете безболно. Сега сигурно се прашувате како да го изведете тоа? Тука е Dr. Viton Magnezan B6 – ќе си го пиете пред и во текот на сите авантури. 

Оваа несекојдневна комбинација има моќ да воспостави балансирано функционирање на нервниот, кардиоваскуларниот и мускулниот систем. Не, нема да направи да се чувствувате летаргично или поспано, напротив мозокот и концентрацијата ги одржува на високо ниво, но ги штити и ослободува клетките од непотребен стрес. 

Магнезиумот како дел од структурата на нуклеинските киселини директно влијае на работата на клетките. Ги релаксира нервните клетки, а на тој начин овозможува продуктивен ден, но и квалитетен сон. 

Витаминот Б6 присутен во формулата на Dr. Viton Magnezan B6, е подеднакво паметен како неговиот сопатник. Имено, тој точно знае да ги препознае потребите на организмот, па го буди или заспива по потреба. Генерално, учествува во клучните ензимски системи неопходни за метаболизирање на јаглехидратите, мастите, аминокиселините, но и во синтеза на невротрансмитерите кои ги пренесуваат сигналите до мозокот. 

Со  Dr. Viton Magnezan B6 патувањето тече како песна!

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)