Овошни маски за разубавување за сите типови на кожа

Веруваме дека, ако ги следите советите за нега на лице и тело, дека сте прочитале различни совети за  домашни природни маски за лице кои се најдобро решение за вашиот тип на кожа или специфичен козметички проблем.

Во рецептите за маски вообичаено најмалку една од состојките е еден вид на овошје, што може да се очекува, бидејќи повеќето овошје е богато со витамини и минерали кои ја негуваат и хидрираат кожата.

Ако сакате на вашата кожа да и го пружите најдоброто, тогаш ова е овошјето со кое нема да згрешите:

Авокадо

Авокадото е богато со витамини – А (бета каротен), Ц, Е,  Б комплекс , со минерали:: железо, калциум, калиум, бакар, фосфор и магнезиум. Изобилува со незаситени масни киселини и влакна.

Сите од горенаведените состојки помагаат во забавувањето на процесот на стареење и ја одржуваат кожата хидрирана и затегната. Авокадото, исто така, помага во решавањето на проблемите со акни, го спречува воспалението и сушењето кожата.

Киви

Кивито е омилено овошје на многумина, но тоа е совршено и за здравјето и убавината на кожата. Тоа содржи висок процент на вода, што е добро за хидратација на кожата и е идеално за сувата кожа.

Ова овошје е богато со витамини : А, Ц, Б, Е и К, како и минералите: калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк и бакар. Тоа ги содржи и антиоксидансите лутеин и зеаксантин.

Маска од авокадо и киви

Се што треба да направите е да измешате авокадо без кора (износ како една лажица) и половина  киви, излупено и, исто така, без “средината”. Измешајте добро за да се добие хомогена смеса и нанесете ја на лицето. Оставете да стои 20-30 минути.

Исто така можете да направите и маска од едно овошје – во еден сад ставете  половина или цело авокадо или киви без кора и средина, па мешајте додека тоа да се претвори во каша. Додадете малку мед и јогурт, а потоа одново се измешајте добро и нанесете го на вашето лице. Држете го 30 минути, а потоа исплакнете го лицето со топла вода .

maski 3

Јаболка

Третото овошје кое не може да се занемари се јаболката. Јаболката имаат многу витамин Ц и бета каротин, витамин Б-комплекс, додека од минералите: калиум, фосфор и калциум. Не заборавајте ја и киселината од јаболката, која е многу здрава за кожата.

Ако сакате на вашата кожа да и го вратите природниот сјај, а порите да ги исчистете од  маснотии и другите нечистотии, јаболката е совршена во овој поглед. Направете каша од јаболко,  додадете малку мед и  ставете ја на вашето лице. Оставете да стои неколку минути, а потоа исплакнете со вода.