Сигурно сте користеле кари зачин во вашата исхрана, сигурно мислите дека е еден зачин, но не тоа е микс од зачини. Куркумата е зачин кој ja дава жолтата боја на кари зачинот.
Куркумата се користи во Индија илјадници години како зачин, а и како лек.
Неодамна, науката започна да го поддржува она што Индијците го познавале долго време, а тоа се лековити својства на куркумата.
Соединенија во куркумата се нарекуваат куркуминоиди, од кои најважниот е куркуминот.
Куркуминот е главната активна состојка во куркумата. Има моќни анти– инфламаторни својства и е многу силен антиоксиданс.
Сепак, содржината на куркумин во куркумата не е доволна за да ги даде своите здравствени бенефити и да делува поволно на нашето здравје.
Повеќето медицински студии од оваа билка користат екстракти од куркума кои содржат претежно куркумин, со дози кои обично надминуваат 1 грам на ден.
Би било многу тешко да ги достигнете овие нивоа само со помош на куркума зачин во вашата храна.
Затоа, ако сакате да ги доживеете целосните ефекти, треба да земете додаток во исхрана кој содржи значителни количини на куркумин.
Исто така куркуминот слабо се апсорбира во крвотокот, но доколку екстрактот е збогатен пиперин – природна супстанција која ја подобрува апсорпцијата на куркуминот во целост проблемот е решен.
Најголеми придобивки од куркумата ги пронаоѓаме во куркуминот благодарение на неговото анти-инфламаторно дејство со кое не заштитува од инфекции и допринесува нашето тело да ја зголеми отпорноста на разни вируси и бактерии.
Но, воспалението е неверојатно важно. Тоа му помага на нашето тело да се бори против болестите, а и исто така има улога во санацијата на штетите.
Без воспаление, патогените микроорганизми како бактерии лесно можат да го преземат вашето тело и да ни го нарушат здравјето трајно.
Иако акутното, краткорочно воспаление е корисно, може да стане голем проблем кога станува хронично и несоодветно и ги напаѓа сопствените ткива на нашето тело.
Научниците сега веруваат дека хроничното воспаление на ниско ниво игра голема улога во скоро секоја хронична болест. Ова вклучува срцеви заболувања, карцином, метаболички синдром, Алцхајмерова болест и разни дегенеративни состојби.
Затоа, сè што може да помогне во борбата против хроничкото воспаление има потенцијална важност во спречувањето, па дури и во лекувањето на овие болести.
Куркуминот има силно анти-инфламаторно дејство врз нашиот организам. Всушност, толку е моќно што одговара на ефективноста на некои анти-инфламаторни лекови, без несакани ефекти.
Ја блокира NF-kB, молекула што патува во јадрата на вашите клетки и ги вклучува гените поврзани со воспалението. Се верува дека NF-kB игра голема улога во многу хронични заболувања.
Без навлегување во детали (воспалителните процеси се исклучително комплицирани), клучното е дека куркуминот е биоактивна супстанција која се бори против воспалението на молекуларно ниво.
Исто така куркуминот драматично ја зголемува антиоксидантната способност на телото.
Оксидативната штета е причина за многу болести причинети од слободните радикали.
Слободните радикали имаат тенденција да реагираат со важни органски материи, како што се масни киселини, протеини или ДНК.
Главната причина што антиоксидансите се толку корисни е што тие го штитат вашето тело од слободни радикали.
Куркуминот е моќен антиоксиданс кој може да ги неутрализира слободните радикали заради неговата моќна хемиска структура.
Покрај тоа, куркуминот ја подобрува активноста на сопствените антиоксидантни ензими на нашиот организам.
На тој начин, куркумин е во првите редови во борбата против слободни радикали. Ги блокира директно, а потоа ја стимулира сопствената антиоксидантна одбрана на вашето тело, а со тоа нашето тело е заштитено и имуниот систем посилен од кога било!
Куркимот на природен начин помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем со зголемување на имуномодулаторниот капацитет на организмот во периоди на стрес или за време на сезоната на вируси, за да му помогнете на вашиот имунолошки систем да зајакне.
San Sebastian TURMERIC Curcumin овозможуваат концентриран внeс на активната состојка куркумин во организмот, за оптимални резултати во превенција и борба со многу болести.
Исто така, San Sebastian TURMERIC Curcumin содржи и пиперин (BioPerrine) – активната состојка на црниот бибер – којшто ја зголемува апсорпцијата на куркуминот во организмот.
Пробај уште денес!
Погрижи се за своето здравје!
SAN SEBASTIAN – КУРКУМА (TURMERIC) можеш да го набавиш и во аптекитe на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, во сите други подобро снабдени аптеки, како и во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!
Нарачај го веднаш онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/kurkuma/
или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )
SAN SEBASTIAN – КУРКУМА (TURMERIC) ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!