Чоколадниот крем е нешто на кое неможеме да одолееме, но готовите производи содржат безброј конзерванси и додатоци кои не се баш „слатки“ за нашето здравје.
Ви препорачуваме да си направите брзо и лесно, домашен крем со лешници потознат како „Нутела“ крем, а притоа да биде здрав и уште повкусен од оригиналниот вкус.
Потребни состојки:
- 100 грама лешници (без лушпа убаво испечени)
- 50 грама црна чоколада (70% какао)
- 50 грама млечно чоколадо
- 1 голема лажица какао
- 1/2 стапче ванила (може и 1 лажичка екстракт од ванила)
- 1 голема лажица масло за јадењеПрво печените лешници ставете ги во блендер кој ќе ги иситни идеално. Потоа наполнете едно тенџење со вода и поставете го на топла рингла да зоврие водата, а откако водата ќе зоврие поставете друг огноотпорен сад врз тенџерето со со зовриена вода и ставете ги чоколадите убаво да се растопат.Откако чоколадата убаво ќе се растопи додадете ги какаото и екстрактот од ванила и повторно мешајте додека сместа убаво не се соедини.Додека смесата е уште топла додадете ги лешниците кои претходно убаво ги истинивте со блендерот убаво промешајте за секаде да се распоред, а потоа додадете го маслото и мешајте се додека сите состојки не се соединат.Во чиста тегличка претурете го кремот убаво затворете и оставете го во фрижидер 24 часа за убаво да се стегне смесата.
Ако успеете да издржите 24 часа вие сте херои, ако не да знаете дека и топол е превкусен!
Уживајте!