Без разлика на тоа колку и да се трудите никако да успеете да се ослободите од вишокот килограми? Ако веќе сте уморни од неуспешни диети и фрустрациите поради тоа, популарниот д-р Мехмет Оз има решение за вас!
Низ годините на искуство, тој има собрано едноставни совети кои навистина помагаат во губење на тежината. И најдобриот дел – нема строги диети.
За некои, сите знаеме добро, па затоа не треба многу да се објаснуваат: погрижете се доволно да спиете (најмалку 7 часа дневно), кога сте гладни пијте повеќе вода, можно е да сте жедни, а не гладни, не се’ изгладнувајте, не се откажувајте, ако еднаш сте подлегнале, не јадете во исто време додека гледате телевизија или читате, користете помали чинии, секој ден движете се колку што е можно повеќе.
Ова се „трик“ советите на д-р Оз кои многу ќе ви помогнат во борбата со килограмите:
Јадете топла супа
Една чаша топла супа пред ручек и вечера ќе ви помогне да го намалите внесот на калории. Како? Јадејќи или пиејќи ја топла супа полека – му давате на мозокот време да сфати дека станувате сити, па помалку ќе изедете за време на главното јадење. Кога станува збор за супа, избегнувајте ја густата супа од кеси, бидејќи таа има многу маснотии и калории, вели д-р Оз.
Сирење за ужина
Една неодамнешна студија спроведена на Универзитетот Корнел покажа дека замената на нездравите закуски како што е чипсот со комбинација на сирење со ниски масти и зеленчук, консумирањето на храна помеѓу оброците може да се намали за 72 проценти. Комбинацијата на сирење и зеленчук обезбедува доволно количество на калциум и протеини, така да нема да имате потреба да јадете многу за да се почувствувате сити. Повеќето од нас не обрнуваат внимание на попатните закуски кои ги јадеме во текот на денот, а според истражувањето тие се околу 600 дополнителни калории на ден. Со јадењето на сирење и зеленчук помеѓу оброците тој број може да биде преполовен.
Порачајте детско мени
Ако добиете една неодолива желба за брза храна, што значи дека не може да и се спротивставите – тогаш барем изберете помали парчиња. Ова ќе ја задоволи вашата желба, а нема да се удавите во вишокот калории. Во синџирот на брза храна просечно голем хамбургер има околу 710 калории, додека оној во детското мени има 290 калории – значителна разлика од 420 калории! Истото важи и за пицата – нарачате една мала пица, и не ја јадете цела, вели д-р Оз.
Јаглехидрати за појадок
Го споменавме јачменот, а како други опции изберете и други здрави житарки или интегрални производи. Истражувањата покажуваат дека овој вид на доручек (со акцент на здрави и сложени јаглехидрати) помага во губење на тежината бидејќи тој ја задоволува желбата за јаглехидрати во утринските часови кога имате доволно време за да ги потрошите овие калории. Меѓу останатото од овие јаглехидрати ќе добиете доволно енергија потребна за остатокот од денот.
Роибос чај
Тоа е природно сладок чај без кофеин кој ќе ви помогне да ја намалите желбата за храна и слатки. Покрај тоа, тој е богат со антиоксиданси, кои се разноврсна и корисни за вашето здравје и убавина, вели д-р Оз. Пијте една чаша чај секогаш кога ќе почувствувате желба за слатки или неконтролиран глад (кога знаете дека не треба да ја чувствувате).
Текстот продолжува…