Неонскиот тренд го зеде својот замав и во модата и во светот на убавината, па оттука и јаките бои се апсолутен хит оваа пролет.
Кога употребувате неонска шминка најбитно е да истакнете само еден дел од лицето. Сините и зелените сенки одлично се согласуваат со умерено темниот тен на кожата.
Кога станува збор за кармини, модерни се црвените, коралните и портокаловите нијанси. За да направите вашите усни да изгледаат поубаво, пет минути пред да го нанесете карминот, намачкајте ги со вазелин па четкајте ги нежно со четка за заби за да ги отстраните мртвите клетки од кожата. Пред да го нанесете карминот, прво ставете молив за усни или карминот нанесете го со посебна четка.
За да го спречите размачкувањето на моливите за очи, на очните капаци нежно нанесете пудра во прав, или ставете коректор пред да ја нанесете шминката .
Најпопуларните нијанси на усните се розови и портокалови – исто како и на ноктите. Розевиот кармин е идеален за дневна шминка, а навечер комбинирајте со црвен. Ако се одлучите за портокалов кармин, останатата шминка нека биде дискретна.