НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН “Д“ – МОЖНА ПРИЧИНА ЗА ПОЈАВА НА АУТИЗАМ? 2 ДЕЛ

Автоимуноста на мајката и аутизмот

Мајчинскиот автоимунитет исто така е поврзан со аутизмот. Мајките на аутистични деца е четири пати поверојатно да имаат антитела против одредени мозочни протеини во крвта кои се корисни за развојот на мозокот на фетусот. Ова не е нормална појава во човековиот организам, но мајките на аутистичните деца најчесто ги имаат овие антитела во крвта.

Истражувањата покажуваат дека кога кај женките мајмуни предизвикуваат голем автоимун одговор додека се трудни, тоа доведува до абнормалности во развојот на мозокот на новороденчето.

“За луѓе кои не го разбираат значењето на автоимун одговор, тоа значи дека вашиот имунитет е толку многу активиран што почнува да го препознава своето ткиво како нешто туѓо, како бактерија или вирус, a тоа е вашиот орган, ваше ткиво.”

“Вашите имуни клетки, поради низа причини, не можат да препознаат што всушност тие напаѓаат и го оштетуваат ткивото. Во случај на бременост, во вас расте ембрион кој се претвора полека во фетус. Вашето тело може да го препознае како туѓо. Нешто слично на: ‘Еј, што е па сега ова? Ова не треба да биде овде. Напад! Ослободи се од него.’ Ова може да води до многу јак автоимун одговор. Но, нашите тела имаат прекрасни заштитни механизми со кои го превенираат ова од случување.

Ние можеме да создадеме тип на имуни клетки кои се наречени Т – регулаторни Клетки (Трегс). Т – регулаторните клетки се многу важни затоа што – тие го одржуваат вашиот имун одговор под контрола, односно обезбедуваат вашиот организам навистина да знае што е туѓо тело а што не е. ”

Недостатокот на витаминот Д може да го засили имуниот одговор за време на бременоста

Човекот има ензим во неговите црева што го претвора триоптанот во серотонин. Кај бремени жени, истиот ензим исто така е најден во плацентата, па така триоптанот исто така може да биде претворен во серотонин во плацентата, за време на бременоста.

Триоптанот исто така е метаболизиран и на друг начин, преку состојка наречена кинуреин, која всушност ги произведува важните Т – регулаторни клетки кои помагаат во намалување на автоимуниот одговор. Кога триоптанот е спречен да создаде кинуреин, вашите Т-регулаторни клетки ќе опаднат и автоимуниот одговор на организмот ќе се зголеми.

Во истражувања кои биле спроведени на животни, односно трудни глувци кај кои ензимот кој произведува кинуреин бил отстранет, имаат толку јак автоимун одговор што дури на крај нивната бременост завршува сo абортус.

Доколку немате доволно витамин Д, можеби ќе произведувате многу повеќе од овој ензим кој го сврзува триоптанот и можеби делува како цевка која ќе го вшмукува сиот триоптан во плацентата и ќе го претвора во серототнин. Тогаш, триоптанот нема веќе шанса да биде пратен во другиот канал преку кој се формира кинуреинот и Т- регулаторните клетки. Ова може да има негативен ефект, особено во бременоста, заради тоа што не се произведуваат доволно Т-регулаторни клетки и како резултат на ова, се засилува автоимуниот одговор на организмот.

Витаминот Д е поврзан со автоимунитетот преку многу различни механизми, и ова може да биде уште еден механизам преку кој витаминот Д може да го регулира автоимунитетот. На кратко, помага да се потисне ензимот кој се врзува толку силно со триоптанот што го заробува и го спречува да произведе кинуреин и Т-регулаторни клетки. Со доволни количини на витаминот Д, триоптанот може да оди во двата канали и да формира:

  • Серотонин во цревата и во плацентата
  • Кинуреин и Т-регулаторни клетки, кои помагаат да се држи автоимуниот одговор под контрола

pregnant 2

Доколку сте бремени, или пак имате автоимуно нарушување, бидете сигурни дека примате доволно витамин Д

Оптималното внесување на витаминот Д е од особено значење во текот на бременоста. Всушност, нивоата на витаминот Д за време на бременоста може да бидат еден од најважните работи на кои една бремена жена треба да внимава за да има здраво бебе.

“Мислам дека постои многу едноставно решение за акушерите и педијатрите односно, секоја жена која сака да зачне или пак е бремена, мора да:

  • Да ги мери нивоата на витаминот Д
  • Да конзумира суплементи доколку е потребно

Треба да бидеме сигурни дека земаме доволно витамин Д, доволно за да имаме оптимално ниво на витамин Д во крвта.

Ова е многу едноставно решение за да се превенираат болести како аутизмот. Ова е релевантно и за други болести исто така, како – Синдромот на нарушување на концентрацијата и внимание или пак шизофренија, како и многу други болести. Како што е споменато, серотонинот игра голема улога за многу видови на однесување.

Механизмот кој е опишан во делот погоре исто така игра голема улога во регулацијата на автоимуните одговори генерално, преку промовирање на производство на Т-регулаторни клетки. Затоа е многу важно, доколку некој страда од автоимуна болест да прима витамин Д.  Ова исто важи и за сите оние кои имаат било каков вид на невролошка дисфункција.

Во однос на оптималната количина на витамин Д во телото, има многу истражувања кои сугерираат дека идеалната вредност е помеѓу 40 и 70 нанограма во милилитар (ng/ml). Дефинитивно не би сакале да отидете под 40 – за тоа сме сигурни.

Идеалната точка можеби е околу 50. Идеалниот начин да ги избалансирате нивоата на овој витамин е да изложите што повеќе кожа на сончевата светлина. Доколку не можете да го земате од сончева светлина, тогаш земајте го како суплемент.

Имајте на ум дека доколку земате витамин Д како суплемент, морате да земате и витамин К2.

Биолошката улога на витаминот К2 помага да го достави калциумот во соодветните делови во вашето тело, како коските и забите. Исто така помага во отстранување на калциумот од вашите артерии и меки ткива.

Недостатокот на витаминот К2 всушност може да доведе до токсичност на витаминот Д, кое всушност вклучува несоодветна калцификација и може да доведе до укрутување на вашите артерии.