Направете си сами свој дезодоранс кој не ги затвора порите на вашата кожа

Дезодорансите се производи кои се на база на алкохол или вода и истите дејствуваат против бактериите, па така ги спречуваат непријатните мириси. Ако не можете да го пронајдете вистинскиот дезодоранс за вас пробајте го овој рецепт на домашен дезодоранс од лимета или од рузмарин, кој многу ефикасно ги спречува непријатните мириси.

Лиметата како и останатите цитруси е богата со витамин Ц и други хранливи материи кои го спречуваат развојот на бактериите и непријатните мириси, а притоа не пречи на природниот процес на дишење и излачување на кожата.

И рузмаринот влијае антибактериски и антисептички, а во комбинација со сода бикарбона ќе добиете одличен дезодоранс.

Исечете една резанка од лимета и темелно премачкајте ги пазувите. Останатиот дел од лиметата чувајте го во некој сад или во фолија во фрижидер, па така можете да ја употребувате околу седум дена.

За да добиете дезодоранс од рузмарин измешајте 1 лажица сода бикарбона, 2 лажици пченичен скроб (густин), неколку капки маслиново масло и неколку капки масло од рузмарин. Добиената смеса затворете ја во херметичка тегла и нанесувајте по потреба.