Нането е една од лековитите билки кои би посакале секогаш да ги имате во домот. Чајот од нане го смирува дигестивниот тракт, го потпомага варењето, ги намалува болките во желудникот и е одличен лек против мачнини, кои се појавуваат по обилен оброк.
Поседува спазмолитичко дејство, ги релаксира мускулите и помага при грчеви во цревата. Тие се, пак, чести симптоми кај синдром на дебелото црево. Нане е извонредно и како зачин, може да го додадете во грав или други јадења при крајот на варењето, за да спречите надуеност по јадењето.