Зголеменото изложување на сонце во текот на летото е причина за побрзо растење на косата во топлите месеци, но и зголемено опаѓање во зимските месеци. Имено, во зимските месеци, се формираат нови фоликули кои ќе ја заменат „старата коса“, а тоа обично трае и до шест недели. Во просек се губат по 30 до 80 влакна на ден, додека се преку оваа бројка се смета за зголемено опаѓање.
На секој скалп растат по 100 000 влакна, а секоја фоликула произведува едно влакно кое расте по 1-2 см за еден месец, продолжува да расте и по две до шест години – паѓа. Во секој момент 85 % од влакната на темето растат, додека останатите мируваат. По 30 – та година од животот, повеќе од 50 % од жените ги воочуваат првите знаци на ретчење на косата.
Механички причини за паѓање на косата
Третманите за белеење на косата, често пеглање, мини-валови, како и агресивно четкање на влажна коса, можат да го зајакнат опаѓањето. Избегнувајте ги и јаките шампони, како и честото сушење на косата со фен.
Докажано е дека одредени фризури, како на пример, цврсто затегнати плетенки, коњско репче или пунџа, го поттикнуваат опаѓањето со тоа што не дозволуваат доволна циркулација на темето, како и пукање на влакната.
Штитната жлезда е најчест причинител на опаѓањето
Постојат повеќе од 30 медицински причини зошто паѓа косата, но праксата покажала дека најчесто се покажала нерамнотеженост на хормоните поради нарушена работа на штитна жлезда. Доколку се присутни и други симптоми, како ненадејна промена на тежината, омалаксаност и чести промени на расположението, најдобро е да се направи анализа на хормоните на штитната жлезда во крвта. По воспоставената хормонална рамнотежа. Косата повторно ќе биде сјајна и густа.
Апчињата за контрацепција, исто така можат да бидат причинители
Паѓањето на коса е помалку позната последица од користењето на контрацептивни апчиња. Хормоните кои поттикнуваат овулација, ја тенчат косата кај 10 % од жените, особено кај оние со генетски предиспозиции за паѓање на косата. Понекогаш се зајакнува опаѓањето, токму поради престанок на користење на апчињата, станува збор за преодна состојба каде хормоните вршат врамнотежување.
Строгите диети ја оштетуваат косата
По губење на десет килограми, вообичаен ефект кој се појавува по три до шест месеци е опаѓање на косата. Тоа особено често се случува со строгите диети, како исхрана со сиромашни протеини или пак, вишок на витамин А во организмот.
Ако слабеењето е постепено и е ефект на воведување на здрави, прехранбени навики, до опаѓање на коса нема да дојде.
Полицистични јајници можат да бидат причина
Хормоните кај жените со полицистични јајници се често нерамнотежени, а тоа доведува до зголемено растење на влакна по телото и лицето, но и губење на коса на темето. Згора на тоа, ако се присутни и акни на долната вилица, како и пораст на тежината, проблемот мора да се лечи со хормонски таблети и природни препарати.
Губење на коса по породување
Брзото губење на хормоните за бременост, како и стресот поврзан со породувањето, е причина поради која на секоја втора мајка косата се повеќе и опаѓа. Сепак, таа состојба трае многу кратко и се закрепнува таа состојба од неколку месеци, па се до две години по породувањето.
Паѓање на косата како поради стрес
Стресови кои одненадеж се случуваат, како на пример разводот, смрт на блиски луѓе, операции или сознанија за болеста, ги сочинуваат вкупно 25 % од сите проблеми со опаѓање на косата. Тоа трае од шест до осум месеци, а по тоа ситуацијата би требало да се поправи. Витаминот Б – комплекс би требало да го ублажи опаѓањето, а што се однесува до стресот, нема конкретни лекови, објаснуваат дерматолозите.
Циркулација и природни лекови
Лосиони, шампони и додатоци на исхраната на база на природни состојки, вклучувајќи и екстракт од дрво од палма направени се со цел да спречат опфаќање на фоликулата DHT со хормон, кој е, пак, поврзан со опаѓање на косата.