После толку многу активно промовирање на здрав животен стил, несомнено ја погребавме онаа старата: „Напиј се дијазепам, ќе ти помине!“ Во постојан пораст е бројката на луѓе кои попрво посегнуваат по цедени витамински напивки или готови суплементи со цел да влијаат на расположението отколку по хемија.
Природното е убаво, природното е во мода и тоа заслужува аплауз! Но, сега на повидок е нов проблем, имено, луѓето се наоружуваат со низа суплементи кога ќе им згусне и штом забележат подобрување престануваат.
За да не ви тропнат старите проблеми на врата, мора редовно да ги пиете витамините и минералите, а особено оние кои ги адресираат психичките состојби како напнатост, стрес, нервоза па дури и депресија.
На врвот на листата дефицитарни минерали е магнезиумот. Не само што голем дел од луѓето се соочуваат со дефицит, туку и оние што се освестиле да го пијат, за кратко се откажуваат. Пред да скокнете да го обвините производот дека не го испорачал ветеното, запрашајте се колку време го пиете минералот.
Што ќе добиете со редовно пиење магнезиум?
Магнезиумот има широк спектар на делување, студиите покажуваат дека помага во контрола на шеќерот, превенира од напади на мигрена, го намалува притисокот, го подобрува расположението, ја намалува анксиозноста, штити од депрсија, го подобрува квалитетот на сонот, но само ако долгорочно го користите.
На пример, во студијата во која биле вклучени 130 луѓе со мигрена било забележано дека суплементот магнезиум ја намалил фрекфенцијата на мигрената, а учесниците пријавиле помал број денови поминати со мигрена. Магнезиум пиеле 3 месеци.
Друга студија потврдува дека магнезиумот (во облик на суплемент) ги подобрил симптомите на депресија кај 112 возрасни. Магнезиум пиеле 2 месеци.
Една студија изведена врз 46 возрасни им помогнала да го подобрат сонот во однос на траење, но и во смисла да го намалат времето што им е потребно да заспијат. Магнезиум пиеле 8 недели.
Како се пие магнезиум?
Магнезиумот може да се пие во кој било период од денот, но важно е да се пие редовно. Пожелно е да се пие непосредно пред или после јадење, но само ако ви предизвикува непријатности во стомакот како дијареа или гадењe.
Многу е важно да ја одредите дозата на магнезиум што му е потребна на вашиот организам, а ќе ја договорите исклучиво со вашиот доктор. Ризикот од предозирање со минералот секако постои, особено ако истовремено почнете да јадете храна богата со магнезиум и вклучите готов суплемент. Имајте на ум дека понудите со високи милиграми не секогаш се најдобар избор.
Симптоми од предозирање со магнезиум:
- Дијареа
- Гадење и повраќање
- Летаргија
- Слабост во мускулите
- Низок крвен притисок
- Респираторни проблеми
- Уринарна ретенција
- Срцеви аритмии
Dr. Viton Magnezan B6 содржи 250 мг магнезиум во својот состав и токму затоа е одличен суплемент за секојдневна употреба, бидејќи слободно можете да го комбинирате со здрава храна и храна богата со минералот. Речиси и да не постојат шанси да се педозирате со Dr. Viton Magnezan B6 благодарение на внимателното дозирање.
Уште една предност на Dr. Viton Magnezan B6 е клучниот витамин во составот кој ги регулира хормоналните активности, го забрзува метаболизмот, го поддржува имунитетот. Витаминот Б6 во комбинација со магнезиумот се одлична превенција при стресни ситуации, бидејќи ги штитат нервните клетки, срцето и мускулите.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)