Ако речиси постојано се чувствуваш под огромен стрес, а би сакал да имаш порелаксиран и посреќен живот, и да успееш да си ја задржиш позитивноста безоглед што и да ти се случува, тогаш започни ја твојата трансформација веднаш така што ќе почнеш да го применуваш методот на благодарност!
На сите ни е лесно да сме благодарни за добрите работи, но клучот при практикувањето на овој метод е да научиме да се фокусираме на она што е позитивно дури и во негативните ситуации, и да бидеме благодарни за позитивното.
Еден од најлесните начини за практикување на благодарност е да се пишува дневник во кој, на крајот од секој ден, точно се набројува за што точно сме благодарни.
На тој начин секојдневно мозокот се тренира да ги запазува позитивните работи, кои колку и да се мали нас не расположуваат, со цел за навечер да имаме што да запишеме.
И токму така со тек на времето и спонтано ќе станеме пооптимистични и порасположени, а позитивниот став спрема животот и самиот по себе допринесува за насобирање на се помалку стрес.
Експертите во ова поле советуваат дека пишувањето на ваквиот дневник треба во почетокот да биде редовно, зашто така ќе почнеме да забележуваме се повеќе убави и добри работи за нас кои инаку можеби и не би ги забележале. И ќе си создадеме навика која може само позитивно да се одрази врз нашата емотивна благосостојба и здравје.
На почетокот, пишувањето дневник може да биде механички или досадно, но со тек на времето кога ќе воочиме дека стануваме се посреќни и ќе ни биде мило што сме започнале со вакво нешто!
Благодарни може да бидеме на пример за одредени луѓе или настани во нашиот живот, за одредени предмети, па дури и за мирисот на пролетното цвеќе и убавиот сончев ден, изборот е всушност преголем.
Дека ваквиот метод навистина помага, е покажано и со научни испитувања. Поточно, докажано е дека редовното изразување и чувствување благодарност, го намалува нивото на кортизолот во телото за околу 23 %, а со намалено ниво на хормонот на стрес во телото и стресот е помал!
Според научниците, доколку секојдневно го вклучиме практикувањето на благодарност во нашите животи, многу полесно ќе се справуваме со стресот, ќе се чувствуваме многу подобро и ќе го заштитиме и нашето здравје.
Докажано е и дека оние лица кои се благодарни за тоа што го имаат, генерално се чувствуваат посреќни, имаат подобар сон, поздрави односи со другите и подобро здравје.
Практикувањето на благодарност сакале или не, суптилно ќе ни помогне да се испраксираме во запазувањето на она што е добро за нас во секоја ситуација, без оглед колку и да е тешка или при справување со навистина тешки карактери.
И ако сега се прашуваш од каде и како да почнеш со примената на овој метод, всушност многу е едноставно!
Секогаш кога ќе се фатиш себеси како зборуваш или размислуваш за некој негативен поттикнувач на стрес во твојот живот, веднаш престани со тоа и свесно помисли на неколку работи во твојот живот за кои во истиот тој момент треба да бидеш или си благодарен.
На пример, ако си под стрес поради твојата романтична врска, помисли на неколку работи кои ти се допаѓаат и те прават среќен во таа иста врска, и ќе забележиш како веднаш расположението ќе почне да ти се менува.
А на крајот од секој ден, одвои барем 5 минути за да си запишеш три работи од тој ден за кои си благодарен.
Гледаш, навистина е лесно, а гарантирано помага за живот со помалку стрес, затоа не чекај, пробај и увери се сам!
Во меѓувреме, не заборавај да ја земеш својата доза Dr. Viton Magnezan B6, бидејќи опуштањето на телото е клучно кога стресот ти дише во врат. Опуштете ги и одморете ги клетките, бидејќи тоа е гаранција за успешен живот.
Комбинацијата на магнезиум и витамин Б6 најмногу му помага на мозокот, бидејќи витаминот Б6 учествува во невротрансмитерските процеси кои им дозволуваат на нервните клетки и мозокот да комуницираат меѓусебно. И не заборавајте, во комбинација овие две ќе одржат стабилно ниво на серотонин.
Повелете и друг пат!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)