„Месечевата диета е добро познат метод за којсе вели дека врши детоксификација на организмот и го поттикнува телото да слабее – дури до 3 килограми!“
Принципи
Оваа диета се состои од пост во траење од 24 часови додека е млада месечина. Постојат доста докази дека и постот во полна месечина (исто така во траење до 24 часа) дава одредени резултати, но не и како за време на пост во млада месечина.
Кога да ја започнете месечевата диета?
Значи, оној момент кога започнува младата месечина (месечината преминува во нова фаза), започнува и вашата диета. Кога точно се случува погледнете во табелата.
Што е дозволено да се јаде / пие за време на месечевата диета?
Дозволено е само консумирање на течности и тоа најдобро е обична вода или благ растителен чај (секако без шеќер). Доколу ви е тешко да пиете само вода и чај, можете да додадете и свеж сок од овошје или зеленчук, секако без шеќер и адитиви… Алкохол и млеко се стриктно забранети како и сета цврста храна. Количината на течности кои треба да се внесат се разликува од лице до лице и се движи помеѓу 3 и 4 литри.
Што да правиме во случај на глад?
Доколку почувствувате глад, испијте една голема чаша сок од зеленчук.
Дали е дозволена физичка активност за време на овие 24-часа диета?
Да, дури е и пожелна. Лесни вежби и прошетки ќе помогнат во губење на килограми и побрза детоксификација.
[rpi]
Какви резултати можете да очекувате?
За 24 часа би требало да изгубите до 3 килограми, секако доколку ги почитувате горенаведените правила. Еднодневниот пост е исто така, одличен начин телото да се детоксифицира и да се подобри имунитетот.
Додатни напомени
Бидејќи ќе изгубите неколку килограми, продолжете да се храните со полесна храна и прилагодете го животниот стил на оваа диета. Ако сте „борец“ на долги патеки, ова е одличен начин да се ослободите од вишокот килограми без многу труд за неколку месеци.
Табела
Месечевата диета можете да ја започнете по податоците кои се дадени во долната табела. Времето е дадено за земјите од поранешна Југославија (Централно европско време). Доколку имате било какви нејаснотии, јавете ни се и ќе се погрижиме да ви помогнеме.
Останатите читатели можат да се информираат на своите простори ако кликнат на овој линк и да ја внесат локацијата.
Табела на млада месечина за 2015 година
Календарски месец | ден | час | минута |
Јануари | 20 | 14 | 14 |
Февруари | 19 | 00 | 47 |
Март | 20 | 10 | 36 |
Април | 18 | 20 | 57 |
Мај | 18 | 06 | 13 |
Јуни | 16 | 16 | 05 |
Јули | 16 | 03 | 25 |
Август | 14 | 16 | 54 |
Септември | 13 | 08 | 42 |
Октомври | 13 | 02 | 06 |
Ноември | 11 | 18 | 48 |
Декември | 11 | 11 | 30 |