Медитација за почетници

Секој ден се соочуваме со многу предизвици, тешкотии, разочарувања … Во таквите моменти од голема корист за нас е медитацијата и таа може да ја обнови хармонијата и насоката на нашите животи.

Постојат два вида на медитација:

Јанг медитација со која се стабилизира умот и телото кон центарот на Земјата и јин медитација која не “подига” во светот на фини вибрации и духовниот свет.

Првиот тип на медитација не полни со енергија, па ние стануваме неподвижни како планина или карпа. Самосвеста е зголемена и духот станува посилен. За Јанг медитација дишењето се движи кон долниот дел на стомакот (види слика), тогаш за момент се задржува и потоа полека се издишува. Се практикува десет минути, а сензациите кои може да се почувствуваат по неколку минути се: загревање на целото тело и пријатна релаксација. Оваа медитација е погодна за оние кои имаат проблеми со тага, депресија, страв, а помага да се зголеми волјата и решителноста. За почеток (првиот месец – два дена) доволно да се практикува два пати на ден по 10 – 15 мин.

Втор тип на медитација го отвора умот и телото и е погоден за искусни практичари без ментални / физички проблеми. Јин медитација се прави, со фокусирање на енергетскиот центар меѓу веѓите а рацете се опуштени покрај телото со дланките отворени и свртени нагоре. Вдишувањето на воздух е повеќе нагласено од издишувањето. Телото полека почнува да се лади, рацете стануваат посуви, а метаболизмот забавува. Практикувањето на оваа медитација се препорачува со присуство на искусен учител.