Долгата и здрава коса е една од главните карактеристики на женственост.Права и сјајна коса сакаат сите мажи, а секоја девојка барем еднаш посакала да има таква коса.Некои жени не се грижат многу за должината на косата, но постојат и такви кои сѐ би дале да имаат долга, густа и здрава коса.
Можете да се обидете со методот со кромид, која е многу популарна во Холивуд. Дерматолозите велат дека нема никакви лоши ефекти на скалпот или на косата. Кромидот е добар, бидејќи е богат со сулфур, кој го стимулира производството на колаген, кој е многу важен за растот на косата.
Резултатите ќе бидат видливи по еден месец!
Рецептот е многу едноставен.
- Изрендајте 2-4 главици кромид и исцедете го сокот. Масирајте ја главата со сокот и оставете да одстои 15 минути.
- Ако имате време, можете да го оставите сокот на главата еден час. Така, резултатот ќе биде подобар.
- Потоа измијте ја вашата коса како и обично и ставете и регенератор. Овој третман се прави два пати месечно, а резултатите ќе воодушеват.
И не грижете се, вашата коса нема да мириса на кромид.