Хроничното покачување на шеќерот (гликоза) во крвта се нарекува дијабетес. Всушност, дијабетесот се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или клетките не реагираат на инсулинот кој треба да го регулира нивото на шеќерот во крвта. Инсулинот всушност помага во придвижување на гликозата во клетките, каде се разложува со цел телото да дојде до енергија. Луѓето кои страдаат од дијабетес, независно од кој тип, имаат покачени вредности на гликоза затоа што нивниот организам не може да ја пренесе во клетките.
Во моментов, над 200 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а се очекува бројката да стаса до 350 милиони до 2025 година. Нашата земја не е исклучок, дијабетесот е многу често заболување од кое страдаат 120.000 лица.
Дијабетес тип 2 е најчеста форма на дијабетес кој расте правопропорционално со бројот на луѓе кои имаат проблем со прекумерна телесна тежина. Во минатото, одеше рака под рака со возраста, но денес не е мал бројот на тинејџери кои имаат дијабетес тип 2. Кај овој тип на дијабетес, панкреасот создава инсулин, но или количината не е доволна или пак клетките се резистентни на инсулинот.
На луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2 им се препорачува комбинација од спорт и храна која се базира на зеленчук, овошје и зрна или се што содржи влакна, а малку шеќер.
Експертите се едногласни дека на листата намирници задолжително треба да го имаат оној зачин со интензивна портокалова боја наречен куркума.
Придобивки од куркумата
Куркумата е зачин кој се добива со мелење на коренот на истоименото растение. Иако одамна се познати нејзините лековити својства, таа се уште е предмет на истражување, бидејќи фасцинантен е нејзниот спектар на делување.
Алцхајмерова болест, срцеви заболувања, алергии, депресија, мултиплекс склероза, а според последните истражувања и ракот и дијабетесот се вклучја на листата болести врз кои куркумата има полезно дејство. Во суштина, куркумата има силен антиоксидативен потенцијал, тоа значи дека има моќ да се соочи со оксидативен стрес кој води до различни типови болести.
Што велат истражувањата?
Куркуминот, активната компонента во куркумата, може да помогне во спречување и менаџирање на дијабетес тип 2.
Студијата од 2013-та вели дека куркуминот може да го намали нивото на глукоза во крвта, но влијае и на други компликации поврзани со дијабетесот. Истражувањето исто така откри дека куркуминот влијае и на превенцијата од дијабетес. Екстрактот од куркума успева да го стабилизира нивото на шеќер во крвта, а тоа го олеснува менаџирањето на дијабетот.
Научниците веруваат дека куркумата и нејзниот моќен антиоксидативен профил успеваат да ги редуцираат воспаленијата и оксидативниот стрес кои се клучни фактори за појава на дијабетес. Од овие прични, тие се сигурни дека куркумата ќе им биде од корист и на потенцијалните пациенти и на оние кои веќе страдаат од болеста.
Над 200 истражувања до сега ја испитувале корелацијата помеѓу дијабетесот и куркумата и сите тврдат дека куркуминот влијае на клетките така што ги прави помалку резистентни на инсулинот, но го намалува и холестеролот.
Студијата во Diabetes Care откри дека луѓето со преддијабетес кои пиеле куркума 9 месеци, ги намалиле шансите да развијат дијабетес тип 2 за разлика од оние кои пиеле плацебо. Авторите на студијата забележале дека куркуминот ја подобрува функцијата на бетка клетките кои го создаваат инсулинот во панкреасот.
Ваквите откритија само потврдуваат дека куркумата треба да биде задолжителна на менито на луѓето со преддијабетес кои сакаат да го забават или спречат развојот на вистинската болест.
Како да ја внесете куркумата во исхраната?
Ако ја купите во облик на зачин, ризикувате да прескокнувате дози, да не внесувате доволна количина, а можно е да не уживате во вкусот што им го дава на јадењата.
Затоа тука е Куркумата (Turmeric) на San Sebastian чија целосна апсорпција ја гарантира уникатниот екстракт од црн бибер (биоперин) во составот. Една капсула на ден е сосема доволна за да направи разлика во нивото на шеќер во крвта и да ги спречи последиците од дијабетес тип 2.
Направете брза онлајн нарачка –
https://alfalab.mk/proizvodi/kurkuma/
San Sebastian – Куркума (Turmeric) може да ja набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на Cosmo – Tinex, dm – дрогерии и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)