Дали воопшто постои лесен и брз начин за помалку стрес?

Има многу техники за менаџирање на стресот, сигурно си запознаен со повеќето од нив, но дали некогаш си се запрашал која од нив најбрзо го намалува стресот?

Физичка активност, јога, медитација, тоа се само неколку примери за навистина делотворни антистрес методи, но реално не секогаш кога стресот ќе те нападне од ненадеж си во состојба да почнеш веднаш да спортуваш или да се повлечеш на некое тивко место за неколку минутна непречена медитација.

И токму за ваквите ситуации полезно е да знаеш и некој алтернативен и брз метод кој би можел да ти помогне.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Според истражувањата и искуствата во ова поле, еден од најбрзите и најделотворни начини за моментално отстранување на стресот е да го свртиш свесно вниманието на сопствените сетила (вид, звук, вкус, мирис, допир) или кон движењето на телото.

Но, бидејќи сите луѓе сме различни до тебе е да почнеш да експериментира со различни методи и самиот да откриеш која техника токму за тебе ќе е најефикасна.

Верувај многукратно ќе имаш полза доколку научиш брзо да интервенираш и да си го ставиш стресот под контрола, зашто само така би можел да останеш максимално продуктивен и фокусиран на она што го работиш.

Социјалната интеракција, како разговор со смирен и грижлив слушател би можела истотака да ти помогне, безоглед дали е пријател или колега или дури и непознат лик, за да се потсмириш речиси инстантно.

Експертите велат дека иако сите ние кога ќе доживееме стрес веднаш влегуваме во таканаречената “fight-or-flight” состојба (крвниот притисок расне, срцето бие побрзо, сите мускули се затегаат), различните луѓе сепак на стресот реагираат различно.

И токму затоа, со цел да реагираме најдобро што можеме против стресот кога тој ќе ни се појави, прво мора да знаеме како нашето тело реагира кога е под стрес.

Така на пример ако си забележал дека кога си под стрес лесно стануваш налутен, нервозен или премногу емотивен, најдобриот метод за менаџирање на стресот за тебе ќе биде токму оној кој ќе ти предизвика токму спротивен ефект, односно ќе те смири.

Но доколку кога си под стрес стануваш депресивен, отсатен, потиштен, тогаш тебе би ти помогнале некои од стимулирачките методи и активности кои ја подигнуваат енергијата.

Еве неколку најлесни совети за најбрзо менаџирање на стресот, а до тебе е да препознаеш што најмногу би ти помогнало.

Зголеми го природното осветлување

Каде и да се наоѓаш ако ненадејно почувствуваш дека стресот ти се зголемува, излези надвор на природна светлина, или отвори ги завесите и дозволи во просторијата каде престојуваш да навлезе природно светло.  И ќе видиш како за многу кратко време ќе почнеш да се чувствуваш многу подобро, поопуштено и порасположено.

Зголеми го квалитетот на твојот сон

Ако си под огромен стрес кој не ти дава да спиеш и добро да се одмориш, обиди се да превеземеш мерки кои ќе ти обезбедат поквалитетен сон и одмор.  Направи си пријатен амбиент, употреби соодветно осветлување, миризливи свеќи, етерно масло, можности има безброј.

Затоа што кога добро си се одморил во тек на ноќта во тек на денот многу побрзо ќе успееш да го менаџираш стресот на здрав начин.

Создади си сопствено стрес-фри катче

Секој неред делува вознемирувачки, и затоа обиди се секој ден да одвоиш барем 10 минути да подсуредиш околу тебе, а во одреден дел од домот можеш да си ставиш слики или некои предметчиња кои кај тебе ќе побудат убаво и смирувачко чувство, тоа нека биде твоето омилено анти-стрес катче во домот.

Така без оглед што ти донел денот, и самата помила дека кога ќе си дојдеш дома за сигурно ќе се опуштиш веднаш ќе ти направи да се чувствуваш поубаво.

Почни со вежби за длабоко дишење

Ако ништо од овие предлози погоре не ти помогне во тој случај длабокото дишење е за тебе, малку е позахтевно во смисол дека ќе треба да се потрудиш да научиш некоја од постоечките техники за длабоко дишење кои се нудат во подобрите јога клубови, но придобивките за мирен и поспокоен животе ќе се бесценети!

Комбинацијата на магнезиум со витамин Б6 содржани во Dr. Viton – Magnezan B6 обезбедува релаксација на секој нерв во организмот и не дозволува лутината, тензијата и емоциите да создадат стресна ситуација која може да ве блокира во извршување на секојдневните обврски.

Dr. Viton – Magnezan B6 е природна, но брзо делувачка формула која помага да го држиш под контрола нивото на кортизол, бидејќи кога си под стрес, надбубрежните жлезди лачат уште повеќе од овој хормон кој може лесно да де доведе во состојба на анксиозност, хроничен замор, депресија, ослабено помнење и срцеви проблеми.

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во dm дрогериите, Cosmo-Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)