Солта е твојот омилен зачин, не противречувај, бидејќи ниту едно твое јадење не поминува без него. Но, тука не завршува муабетот, ти продолжуваш да внесуваш сол и кога јадеш чипс и останати грицки па дури и кога јадеш колачи. Процесираната храна содржи многу сол иако твоите рецептори за вкус не го регистрираат тоа.
Препораките велат дека треба да внесуваш 2.300 мг натриум дневно, тоа е околу една кафена лажичка сол иако идеално би било да го ограничиш внесот на 1.500 мг. Но, реално ти внесуваш повеќе од 3.400 мг.
Што е муабетов со солта? Верувал или не, тој е една од водечките причини за покачен крвен притисок, состојба со која се соочуваат една милијарда луѓе на оваа планета, а до 2025 бројката се очекува да порасне за уште половина милијарда.
Можеби во моментов не си дел од оваа статистика, а можеби и си, но не си свесен за тоа. Хипертензијата е прикривно заболување кое не манифестира симптоми се додека не ескалира со срцев или мозочен удар. Ако си свесен дека изеде премногу сол, а при тоа ти отекоа стапалата, отежнато дишеш и се чувствуваш прегазено, следи го притисокот за да видиш дали има тенденција да се качува.
За да се поштедиш од висок крвен притисок во иднина или за да го намалиш високиот притисок кој веќе ти го менува животот, треба да смениш само две навики:
ДА НАМАЛИШ НА СОЛ
ДА ЈАДЕШ ПОВЕЌЕ ЛУК – од оној немиризливиот, да има и таков!
На телото му треба ептен малку сол, онолку колку што им ставаме на децата кога треба да почнат да внесуваат натриум. Солта е важна за баланс на течностите во организмот, им помага на нервите да ги пренесуваат импулсите и овозможува нашите мускули (вклучувајќи го и срцето) да контрахира и да се опушта. Но, кога телото се соочува со прекумерни дози сол, покачувањето на крвниот притисок е речиси неизбежно.
Исхраната која се базира на многу малку сол може да го анулира веќе постоечкиот притисок, но само ако си доследен и упорен до степен да не се јави потреба од лекарства.
Солта е природна состојка и здрава е во ограничени дози, а во процесираната храна ти немаш контрола колку сол е додадена. Забуни прават и новите типови сол како морска, хималајска, кошер, но сите овие имаат иста количина натриум како обичната сол.
За да ја намалиш солта, секогаш бирај свежи варијанти во однос на процесирани или конзервирани. А за да го задржиш вкусот, свежите варијанти зачинувај ги со лук во прав или мешан сув зеленчук што не содржи сол.
На другата страна од паричката наречена висок крвен притисок стои лукот, да тоа мало, бело, моќно чудо од кое сите бегаат, освен твоите внатрешни органи. Но, има начин да го наградиш организмот, без да им го одземеш правото на чист воздух на луѓето околу тебе.
Таа предност ќе ти ја овозможи Dr. Viton Alizin, суплемент кој се базира на црн лук (добиен со ферментација на белиот лук) кој делува двојно посилно и двојно поефикасно.
Во поглед на високиот крвен притисок, црниот лук има капацитет да го намали систолниот притисок и до 10 ммHg, а дијастолниот и до 8 ммHg – истите вредности ќе ги постигнеш и пиејќи наменска терапија за притисок.
Црниот лук содржи полисулфиди кои ја зголемуваат продукцијата на водороден сулфид и ја зголемуваат регулацијата на ендотелниот азотен оксид, што доведува до константна релаксација на мазните мускулни клетки, до ширење на крвните садови, а со тоа и контрола на крвниот притисок.
Црниот лук содржи и доволно сулфур за да ги задоволи потребите на телото, бидејќи истражувањата покажуваат дека кога сулфурот е во дефицит, притисокот лесно се качува.
Со Dr. Viton Alizin ќе имаш притисок како по книга!
Dr. Viton Alizin е достапен е во во аптекитe на: Зегин, Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс.
Можеш да го нарачаш и онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-alizin/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Dr.Viton Alizin може да ти го доставиме и на твојата домашна адреса со брза пошта!