Кажи им НЕ на токсичните луѓе и намали си го стресот!

Има многу начини за отстранување на стресот, но социјализацијата е еден начин кој не треба да го учиме.

Ние луѓето сме природни, но и општествени суштества, и преку дружењето ние  воспоставуваме и одржуваме контакт едни со други и токму тоа е важен дел за намалување на дневниот стрес.

За некој од нас дури навидум небитно нешто како “online chat” или зборување по телефон или минување време со пријателите и семејството, е се што ни е потребно за да се чувствуваме многу подобро, посмирено и во мир со себе и со својата околина.

Социјализацијата го намалува чувството на осаменост, и истовремено дава чувство на безбедност, вреднување и дополнително ни носи радост и задоволство, но само доколку во таа социјализација почувствуваме дека сме разбрани и разбираме, даваме поддршка и сме поддржани.

Стручњаците имаат и научно објаснување за ова, тие велат дека социјалната поддршка ги балансира хормоните во телото и го поттикнува излачувањето на окситоцинот (хормон на среќата).

Покаченото ниво на окситоцин, доведува до намалување на стресот и анксиозноста и смирува.

Окситоцинот дополнително ја поттикнува потребата за уште поголема социјализација и поврзување со оние луѓе кои ги доживуваме како битни, и така се продолжува позитивниот круг на социјализација.

Дополнително кога се дружиме нашата енергија и фокус се свртени нанадвор кон другите, и на тој начин привремено сме дефокусирани од сопствените грижи и проблеми.

Но, понекогаш и споделувањето на сопствените грижи, размислувања и чувства е начин за намалување на стресот.

Затоа во најголем број на случаи, социјализирањето го намалува стресот и го зголемува расположението, но има и случаи кога доколку се социјализираме со погрешни луѓе за нас дружењето и контактот со нив го има спротивниот ефект.

Кога станува збор за социјализирање, квалитетот е поважен од квантитетот, така на пример ако се опкружиш со голем број на луѓе кои не ги познаваш добро, може да е помалку ефикасно во поглед на намалување на стресот отколку да имаш само неколку блиски пријатели во кои имаш доверба и кои те разбираат.

Исто така, за да има било каков бенефит не е доволно само да се воспостават пријателски односи меѓу луѓето, туку на истите треба да се работи, да се одржуваат и култивираат.

Можеби и најважното нешто е да се внимава и да не се биде себичен, туку да има давање и примање од двете страни, според експертите реципроцитетот е основа за оддржување на долго и здраво пријателство.

Со други зборови, секогаш мора да постои рамнотежа меѓу слушањето и да бидеш слушнат, меѓу поддржувањето и да поддржиш, меѓу тешењето и да примиш утеха итн. Во вистинското пријателство владеат взаемната доверба и искреност, нема страв и нема лаги.

И токму затоа, ние самите сме тие кои најмногу би можеле да си помогнеме, ако сакаме другарувањето да не смирува и радува. Здрави и долготрајни односи треба да се потрудиме да изградиме само со оние луѓе чие присуство нам ни делува позитивно.

Пријателството не треба да биде алатка за измирување на долгови или за хранење на нечие его или за подигнување на сопствената или туѓата самодоверба, само затоа што свесно или несвесно сме се ставиле во спасувачка мисија, туку треба да е нешто прекрасно што на сите инволвирани ќе им донесе убавина и радост.

За социјализацијата да оди како подмачкана и да ги впиете сите позитивни ефекти од другарувањето со вашите омилени луѓе, дојдете подготвени. Олабавете ја мускулатурата и коските, прочистете ги клетките, особено мозокот, од натрупаниот стрес и спречете таложење на нови стрес дози со Dr. Viton Magnezan B6. 

Dr. Viton Magnezan B6 го контролира нивото на стрес хормонот кортизол и на тој принцип индиректно обезбедува проток на позитивни мисли. Чистејќи ги клетките од стрес, опуштајќи ја мускулатурата и регулирајќи ја работата на срцето, суплементот создава услови за нормално функционирање на сите клучни процеси во организмот, вклучувајќи ја и правилната работа на мозокот.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)