Какво влијание има вежбањето на пенисот?

Изгледа дека вашиот “пријател” сака кога се потите во сала, а еве зошто …

Новата студија, чии резултати беа објавени во списанието за сексуална медицина открива дека мажите кои постојано вежбаат имаат подобра еректилна функција од мажите кои постојано седат.

 

Најмалку два часа неделно трчање за здрава ерекција

Во оваа студија, мажите кои признале дека имаат најмалку 18 часа со метаболички еквивалент задача (MET – Мерење активност која ги зема во предвид и времетраењето и интензитетот на тренингот) се испостави дека имаат поздрав пенис од мажите кои се помалку активни.

На пример, трчање од еден час и поминување на една милја (1,600м) за 10 минути, тоа би можело да се изрази со 9,8 МЕТ , а ако два пати неделно, трчате со истото темпо, ќе имате повеќе од 18 МЕТ.

[rpi]

ФИЗИЧКИ АКТИВНИТЕ МАЖИ ПОВЕЌЕ СЕ  ГРИЖАТ ЗА ЗДРАВЈЕТО

Адријана Видал, автор на студијата вели дека е можно мажите кои вежбаат, повеќе да се грижат за себе и за своето тело за разлика од мажите кои се неактивни. Соодветно на тоа, луѓето кои редовно вежбаат посетуваат лекар, ги избегнуваат цигарите, јадат поздраво и подобро, а сите тие навики можат да влијаат на целокупното здравје и здравата ерекција.

Сепак,дигањето на тегови, исто така може да влијае на вашата ерекција. Вежбањето му помага на вашето тело да  создаде азотен оксид, соединение кое ја потпомага еректилната функција, вели Видал.

Мрзливиот и нездрав начин на живот можат да предизвика воспаление и да го намали протокот на крв, особено на вашиот пенис, а тоа, секако, влијае на ерекцијата.

Просечната возраст на мажите во студијата беше 63 години, така што тие навистина не можат да постигнат ниво на интензитет на вежбање, како што можат помладите мажи.

Не е јасно дали помладите мажи кои имаат дури и повеќе од 18 МЕТ-часа активност може да го зајакнат своето сексуално здравје, дури и повеќе од учесниците во студијата, но ако одите неколку пати неделно во теретана, тоа сигурно не може да биде лошо за вашето тело.