Летни хит фризури кои ќе ве подмладат: 3 начини со кои ќе го освежите вашиот изглед

Кога сакате да смените нешто и сакате да се разубавите, не мора да го посетите вашиот фризер.

Со жешките летни денови доаѓа и подигањето на косата, а најчеста фризура, која ја гледаме е коњската опашка.

И покрај тоа што е многу привлечна и едноставен начин вашата коса да не ви пречи, време за да излезете од границите на класичниот и да направите драстични потег кога станува збор за фризурата.

Ако ги сакате промените и верувате дека за косата не треба да  жалите, пробајте ја фризурата како пејачката Тејлор Свифт! Освен што ќе почувствувате големо олеснување, бидејќи  е неопходно да ја скратите должината на косата до рамена, ќе бидете многу шик ова лето, бидејќи  кратката коса со шишки е апсолутен хит оваа сезона!

Покрај тоа, кратката коса ќе направи да изгледате помлади, а со соодветна шминка ќе имате полн погодок!

[rpi]

Ако сепак не можете да се откажете од долгата коса, “скратете” ја  со помош на плетенка, според примерот на Џенифер Лопез. Измијте ја косата,  исушете, и додека е сеуште влажна исплете плетенки. Ако сакате големи бранови, една е доволно, ако сакате ситни, исплетете  неколку плетенки, во зависност од густината на косата.

Наутро расплетете, подигнете ги шишките како популарната пејачка и  уживате во трендовската фризура со кадрици како  на плажа!

За малку поелегантни моменти во текот на летото, совршена е  косата со средна должина, а со цел да изгледате неколку години помлади, доволно е едно  движење и една шнола – само подигнете еден прамен од страна како Џенифер и ќе бидете подготвени да блеснете, па дури и на црвениот тепих!