7 до 8 часа мирен и постојан сон е сè што ти е потребно за да го сочуваш здравјето и расположението.
Но, ако едвај успеваш да поспиеш 3-4 часа во текот на ноќта или постојано си свесен за своето спиење, тогаш имаш сериозен проблем.
Недостигот на сон е исто како да си ги оставил клетките без храна и вода.
Само една непреспиена ноќ влијае на работната способност наредниот ден.
На долг рок, несониците предизвикуваат ментални нарушувања, дијабет, прекумерна тежина, кардиоваскуларни проблеми.
Стотици милиони луѓе ширум светот страдаат од несоница, а како главна причина за својата будност го наведуваат, кој друг ако не, стресот.
Стресот поттикнува несоница, а пак несоницата го зголемува стресот и сè така во круг.
Дали има начин некако да се скрши овој магичен круг?
Малкумина знаат дека приказната за несоницата и стресот всушност започнува со нивоата на магнезиум во организмот.
Какo се качува стресот во текот на денот, така забрзано со троши магнезиумот во телото. Штом дојде до дефицит на магнезиум во организмот, несоницата настапува како неизбежна нус појава.
Магнезиумот е најмоќниот природен антистрес метод кој го диктира целиот процес на спиење:
- Учествува во конвертирање на протеините во супстанци кои прават да се чувствуваш сонливо.
- Го смирува целиот нервен систем, ја опушта мускулатурата што е клучно за полесно да заспиеш
- Го одржува нивото на гама-аминобутирна киселина, невротрансмитер кој буквално го гаси човековото тело и мозок и го праќа на спиење.
Само уште еден чекор те дели до квалитетен сон!
Тоа е витаминот Б6.
Зошто токму тој?
Во неодамнешните истражувања во кои биле вклучени здрави луѓе под силен стрес и со дефицит на магнезиум во организмот, суплементацијата со магнезиум во комбинација со Б6 дала поголеми придобивки отколку само магнезиумот.
Витаминот Б6 ја олеснува апсорпцијата на магнезиумот и неговото клеточно навлегување за дури 40%.
Синергетско дејство на магнезиумот и витаминот Б6 организмот веднаш го чувствува.
Напнатоста во нервите и мускулите веднаш попушта, мозокот се растеретува од непотребни мисли, а сето тоа води до целосна благосостојба.
Како одговор на стресот и воспоставување внатрешен баланс, посегни по Dr. Viton Magnezan B6 – едноствна, но неопходна комбинација за мир, спокој и убав сон.
Не сонувај за сон, наспиј се со Dr. Viton – Magnezan B6.