Како да го одржиш кортизолот во нормални граници и да живееш живот без стрес?!

Кортизолот е главниот хормон на стресот, кој го создаваат адреналните жлезди, и  неговото ниво се покачува секогаш кога си под стрес или кога ќе се исплашиш.

Кортизолот игра важна улога во твоето тело, кога е во здрава количина тогаш е корисен затоа што има и противвоспалително дејство, но ништо што е премногу не е добро, па така е и со овој хормон.

Кога сме под постојан стрес, нивото на кортизолот е повисок подолго време, и тогаш тој започнува да создава проблеми. Токму затоа, ако сакаме да останеме здрави, ние мораме да изнаоѓаме природни начини за да го држиме неговото ниво во нормала.

За среќа, постојат повеќе научно поткрепени начини за како да се одржи кортизолот во границите на нормалата.

Овие се само некои од нив:

Направи промени во исхраната

Намали го внесот на обични шеќери и процесирана храна (бел леб, слатки, газирани пијалоци итн), бидејќи тие го покачуваат нивото на кортизол во телото. 

Збогати ја својата исхрана со сложени јаглехидрати, протеини и здрави масти, кои не само што ќе ти дадат енергија, туку и ќе го намалат стресот и кортизолот.

Добар избор се:

  • Интегралните житарки
  • Скробестите зеленчуци
  • Овошјето како банана и круша
  • Храна богата со протеини
  • Здрави масти
  • Јатки и семки

Исфрли го или намали го алкохолот, не пиј особено кога си под стрес, зашто лажно ќе те опушти, а всушност подоцна ќе ти направи поголема шета.

Пиј повеќе вода, зашто дехидрацијата телото ја доживува како стрес.

Намали го или исфрли го кофеинот, зашто го подига кортизолот заедно со крвниот притисок.

Направи промени во начинот на живот

Одмори се доволно

Кортизолот се покачува и спушта зависно од нашиот циркадијален ритам. Во нормални услови наутро е повисок, а навечер се спушта. Затоа е потребно да си обезбедиме доволно долг и квалитетен сон во тек на ноќта, од 7 до 8 часа.

Избери умерена физичка активност

Внимавај кога избираш физичка активност, затоа што ако избереш нешто што ќе ти дојде премногу напорно, ќе добиеш контраефект и твоето ниво на кортизол ќе се покачи.

Но, ако избереш вежби со умерен интензитет, како пешачење, јога, тренинг со тегчиња итн. тогаш ќе се опуштиш и нивото на стрес хормоните во твоето тело ќе се намали.

Биди мотивиран

Обиди се секој ден да се мотивираш и во текот на секој ден да има нешто на што му се радуваш. Чувството на радост и задоволство го подобрува расположението и не го подига кортизолот.

И последно, но не и помалку важно, обиди се да се смееш многу повеќе!

И нај нај последно, напиј си се Dr. Viton Magnezan B6 и врати си ја среќата за миг. И минералот и витаминот подеднакво добро поттикнуваат лачење на серотонинот, главниот фактор за среќа. Кога телото ќе се соочи со бран од серотонин, ефектот на кортизолот драстично ќе се намали. 

Од друга страна, овој извонреден сојуз на Dr. Viton целосно ќе го смири нервниот систем поттикнувајќи позитивен проток на мисли во мозокот. 

Магнезиумот ги опушта мускулите така што ја зголемува функцијата на главниот инхибиторен невротрансмитер – гама-аминобутирна киселина. Од истите причини, има потенцијал да влијае на анксиозноста.

Dr. Viton Magnezan B6 е сигурен извор на среќа!

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)