Режим на исхрана без глутен
Во 2006 година, на едногодишното момче, Итан, му беше дијагностициран аутизам и не спиел повеќе од 2 часа на ден или навечер. По 20 месеци, откако Итан постојано не спиел, веќе ситуацијата почнала да станува загрижувачка. Мајката на Итан решила да воведе нов начин на исхрана со што ја отстранила пченицата и млечните производи од исхраната на својот син. Резултатите се неверојатни. После само три дена, Итан спиел цела ноќ. Всушност целата приказна е дека храната и функцијата на мозокот се тесно поврзани. Понекогаш по промената на исхраната, поврзаноста меѓу стомакот и мозокот може да се подобри. Многу деца со аутизам имаат чувствителност на пченицата затоа што таа содржи многу повисоко ниво на антитела кои реагираат на глутен што се наоѓаат во пченицата и се борат против неа бидејќи имаат страни тела во организмот.
Една студија на случај објавена во Journal of Child Neurology потврдува дека без глутен нема многу голем потенцијал да се поврати сериозноста на аутизмот и нападите. Се вршат дополнителни истражувања за врска со глутен-аутизам за да се истражат подетално поврзаноста помеѓу нив. Луѓето често се потсмеваат на концептот дека диета без глутен може да ја подобри состојбата на децата со аутизам. За многумина што се обиделе, доказот не е објавен, или не е познат во јавноста. Секое семејство, секое дете, човек кој се соочува со ова тешко заболување сака подобрувањето да го види со сопствените очи, да се израдува интимно за никогаш да не се повтори повеќе.