Овозможете им на најблиските релаксирачка бања, така што ќе им подарите мирисна сол за капење која сте ја направиле сами.
Се што треба да направите е да измешате околу 4 филџани Хималајска сол со ароматично масло за капење, а по желба може да додадете и исушено миризливо цвеќе, од лаванда или еукалиптус.
Направете го вашиот подарок посебен така што солта ќе ја ставите во тегла која можете да ја украсите со ленти и панделки.