1.Сложени јаглени хидрати
Со зеленчукот, овошјето и целите житарки нема никогаш да згрешите, а посебно не за време на менструацијата. Со шеќерот од овошјето ќе ја намалите желбата за нездрави слатки, затоа смоквите, сливите и портокалите внесете ги во редовната исхрана.
2.Избегнувајте го кофеинот
Кофеинот ја поттикнува подуеноста бидејќи доведува до задржување на водата во организмот. Исто така кафето е кисело а не е базно, па затоа не е добро да се пие на празен стомак, а посебно не за време на менструацијата кога тој е посебно чувствителен. Најдобро е тие неколку дена да пиете индиски чај како алтернатива.
3.Јадете храна богата со калциум
Според зборовите на нутриционистот Латам Томас, на жените им се потребни најмалку 1,200 мг калциум дневно. Добар извор на калциум се: јогурт, брокола, кељ и магдонос.
4.Избегнувајте многу солена храна
Нутриционистите велат дека нашите секојдневни потреби од сол се помали од една лажичка. Најдобар начин за контролирање на внесувањето на сол е да ја избегнувате брзата и преработена храна, бидејќи во неа се наоѓа и до четири пати повеќе сол отколку што еден оброк треба да содржи.
5.Уживајте во црното чоколадо
Ова сигурно ги имате запаметено, но ќе ви повториме за да ве охрабриме! Слободно јадете црна чоколада за време на менструацијата бидејќи содржи железо кое ви е потребно, го поттикнува лачењето на хормонот на среќа, содржи антиоксиданси и многу е вкусна!
6.Не заборавајте ја водата
За време на овие денови вашето тело ја задржува водата бидејќи стравува дека нема да добие доволно. Ако пиете доволно вода ќе се ослободи водата која се задржува и нема да отекувате.
7.Јадете храна богата со магнезиум
Томас вели дека храната како што се тофу сирењето и мешунките ја спречува надуеноста кај жените во овој период.
8.Не ги заборавајте ниту витамините
Витаминот Е помага во отстранувањето на менструалните симптоми, а го има во жолчката и авокадото. Витаминот Б6 ја спречува надуеноста и го подобрува расположението, а се наоѓа во: доматите, бананите, и овесните снегулки. Конечно, витаминот Ц и цинкот се важни за женскиот организам кој го чуваат.