Новите истражувања покажаа дека луѓето кои редовно јадат кикиритки, бразилски ореви и ф’стаци или било коe другo јаткасто овошје живеат подолго од оние кои овие овошја не ги јадат, дури и кога би се земале во предвид сите други фактори.
Експертите препорачуваат грицкање на ореви неколку пати во неделата , бидејќи во голема мера ќе го подобри вашето здравје.
Овие подароци на природата содржат цинк, железо, магнезиум, кои помагаат во заштита од рак на простата и се спречува губење на меморијата. Исто така, полни се и со витамините Е и Б , како и омега-3 масните киселини. Оревите се навистина мрсни, но тоа се добри масти кои му користат на вашето тело, пренесува Дејли Мејл (Daily Mail).
Во зимските денови, особено кога ќе седнете пред телевизорот, наместо да грицкате нездрави закуски и слатки, пробајте да грицкате бадеми, лешници, кикирики, ф’стаци …