Гелни или Акрилни нокти ? … убави за новогодишната ноќ

Професионалните реконструктивни техники и најновите лакови ќе ви помогнат да гордеете со беспрекорни раце. За да дознаете кој третман е идеален за вас, прочитајте го нашиот водич.

Јаки, негувани, вистински и совршено излакирани : кој не сонува за такви нокти? А бидејќи речиси ниедна жена нема природно совршени нокти, нивната реконструкција е најбараните услуги. Имено, таа услуга ви овозможува да имате нокти како звезда три до четири недели.

Многу се популарни и полутрајните лакови : остануваат беспрекорни барем петнаесет дена. Која е првата тајна на совршен резултат? Одберете ја вистинската интервенција на основа на вашиот тип на нокот, обликот на раката, карактерот и стилот на живеење.

15354589620

1. АКРИЛИК 

Ултра отпорен, ќе ви одговара дури и ако извршувате работи кои ги „малтретираат“ рацете.

Што е тоа?

Тоа е вид на прав, кој кога ќе се измеша со катализатор, го зацврстува нокотот на неколку минути.

Како се нанесува?

Со нежна турпија се отстранува сјајниот кератин од површината, за да впие подобро нанесениот производ. Затоа со четкичка се зема топче од правот и се меша со течноста на нокотот, кој подоцна се обликува со турпијата. Потоа можете да го лакирате или украсувате по желба.

Кому му е наменет?

Тоа е најотпорен производ наменет за проблематични нокти, многу кршливи или изгрицкани. Исто така, наменет е и за оние кои се често во допир со вода – на пример, на фризерките или келнерките.

Недостатоци : Потребен е стручен техничар, бидејќи се стврднува за четири до пет минути. Покрај тоа, додека се нанесува на нокот, ќе осетите непријатен мирис на хемикалии.

Траење : Три до четири недели. Потоа е неопходно освежување ( исто кога повторно ги лакирате ноктите).

Како се отстранува?

Ноктите се натопуваат со ацетон на петнаесет минути, а потоа со турпија се отстрануваат остатоците.

2ad7fb55-b44e-435c-a6fb-8ad48544d18f

2. ГЕЛ 

Доколку сакате основа за креативни нокти

Што е тоа?

Се состои од густ препарат кој зацврснува само под влијание на УВ лампа.

Како се нанесува ?

Откако ќе го обликувате нокотот со фина турпија, експертот го проширува со четкичка во облик на јазик мачка. Кога ќе се нанесе на сите пет нокти, раката се става под УВ зраци на две минути. По сушењето, гелот се мазни и се обликува со турпија.

Кому му е наменет ? 

Одличен е за покривање на неестетски промени на нокотите или разубавување. Производот му дава совршен облик на нокотот, кој станува сјаен и еластичен. Исто така, изгледа многу природно. Затоа највеќе се употребува, а служи и како основа за креативно украсување на ноктите.

Недостатоци : Бидејќи има флексибилна текстура, не е предвиден за оштетени нокти и не поднесува големи оптеретувања. Во случај на пукање – не се крши, туку се одвојува.

Траење : Зависи од тоа колку сте внимателни, бидејќи е многу кревок.

Како се отстранува ? : На ноктите се става вата натопена со ацетон да одстои десетина минути, а потоа гелот се отстранува со турпија.