Сувата кожа е најчестиот проблем со кој се сретнуваме за време на зимските денови. И покрај тоа што хидратацијата е многу важна за здравата и убава кожа, пред да го нанесете лонсионот или млекото за хидратација на телото, многу е важно да ги отстраните мртвите клетки од кожата. Направете си сами многу едноставен пилинг за тело и спречете ги проблемите со кожата.
За овој ефикасен пилинг се што ви е потребно е хималајска сол. Односно, следниот пат кога ќе се туширате, еден грст Хималајска сол измешајте со гелот за туширање кој вообичаено го употребувате. Намокрете се, а потоа со нежни движења измасирајте го целото тело со оваа мешавина.