Еве зошто после јадење ви се приспива на работа

Дали големите температурни разлики ве извадија од колосек? Се чувствувате толку многу уморно, што дури мака ви е да стиснете тупаница? После секој оброк, срцето забрзано ви работи, а истовремено ви се паѓа во несвест за спиење? До притисокот е!

Нискиот крвен притисок обично не е опасен, но истото не важи и за наглото опаѓање со кои многумина се соочија деновиве. При нагло опаѓање на притисокот, срцето, мозокот и другите витални органи се соочуваат со недостиг на крв. Научниот термин за оваа состојба гласи постурална хипотензија и во суштина е подвалување на кардиоваскуларниот или нервниот систем на ненадејните промени.

Што поттикнува ненадеен пад на притисокот?

  • Нагло станување од седечка или лежечка положба или предолго стоење
  • Недоволен внес на течности и храна
  • Премор
  • Обилен оброк богат со јаглехидрати
  • Нагло менување на температурата од ладно кон топло – топлината предизвикува ширење на крвните садови, па крвта се концентрира во периферните делови на телото, а тоа води до дополнителен пад на притисокот
  • Прекумерна загуба на крв за време на менструација
  • Силно изразени моментални емоции
  • Хронични заболувања како дијабетес, депресија, алергии, висок крвен притисок – некои лекови може да поттикнат нагло опаѓање на притисокот

Без разлика на причината, симптомите се скоро секогаш исти и вклучуваат поспаност, нестабилност, расеаност, главоболка, недостиг на волја, вртоглавица, аритмија. Во просек од 10 % до 20 % од луѓето над 65 години се соочуваат со постурална хипотензија.

Што да преземете?

Нискиот крвен притисок може да се регулира со внесување доволна количина течности и сол. Солта помага да се задржи водата во организмот. Црното вино поради флавоноидите и антиоксидативната моќ е одличен лек за хипотензија, па слободно напијте се една чаша пред оброк. Идеален оброк се супите и чорбите, бидејќи се солени и течни. И соковите се опција, но природните варијатни без додаден шеќер.

Редовно мерете го притисокот

Хронично нискиот притисок без симптоми не е опасен и не подразбира третман. Но, истото не може да се каже за наглото опаѓање на притисокот, бидејќи недостигот на крв за виталните органи особено за срцето и мозокот, може да биде кобно. Од друга страна, нискиот крвен притисок многу лесно може да се превиди (расеаноста да ја препишете на уморот), а вашето однесување да поттикне дополнителен пад. Затоа, мерењето на притисокот е клучно за да знаете дали и што треба да преземете.

Избегнете лоши сценарија со Auron апаратите за мерење притисок кои се прецизни и удобни за употреба. Имаат напреден детектор кој го регистрира неправилниот пулс и вградена меморија преку која ќе имате увид во претходните мерења и ќе имате целосна слика за вашиот притисок.

Со Auron апаратите не ви треба помош од пријател за да го измерите притисокот, новата технологија обезбедува самостојно мерење, бидејќи манжетната сама се пумпа.

Auron TMB 1112 може да ги нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/auron-tmb-1112/

Аурон апаратите може да ги може да ги набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)