Зошто магнезиумот е поважен за коските дури и од калциумот?

Асоцијација за здрави и цврсти коски е калциумот и витаминот Д. Но, знаете ли дека сојузот на овие две е речиси безначаен доколку не вклучите и магнезиум? Важноста на магнезиумот за здравјето на коските е тотално фрлена во сенка иако магнезиумот:

  • Го регулира транспортот на калциумот
  • Учествува во формирање на нова коскена маса
  • Го активира витаминот Д
  • Овозможува правилна апсорпција на калциумот
  • Ја стимулира продукцијата на калцитонин, а го потиснува паратхормонот

Покрај ова, магнезиумот е вклучен во безброј процеси во телото, вклучувајќи регулација на мускулните и нервните функции, нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и во создавањето на протеини, коски и ДНА.

Луѓето кои редовно внесуваат магнезиум имаат поголема минерална густина во коските, а тоа е клучно за да се намали ризикот од фрактури и остеопороза. Магнезиумот во облик на суплемент успешно ја зголемува минералната густина во коските на повозрасните жени. Луѓе кои имаат предиспозиции да се соочат со недостиг на магнезиум се болните од дијабетес тип 2, луѓето кои се борат со зависност од алкохол, постарите луѓе, оние со гастроинтестинални заболувања (како Кронова болест и целијакија) и активните спортисти – сите овие групи на луѓе премногу го трошат магнезиумот.

Mагнезиумот е неопходен за мускулите и нервите да се релаксираат после физички стрес. Затоа, недостигот на минералот веднаш се манифестира со грчеви во мускулите кои особено се случуваат во текот на ноќта или аритмија, затоа што и срцето е само мускул.

Магнезиумот може да се складира во телото, но не во нашите резервоари за маснотии како што е случајот со витамин Д, туку во нашите коски и заби. Околу 60% од вкупниот магнезиум (25 грама) што ги носиме во нашето тело е врзан во коските и забите. Само околу 1% од целиот магнезиум се транспортира (врзан со протеини) во нашата крв. Останатиот магнезиум се дистрибуира во мускулите и мекото ткиво, каде што е врзан, на пример со АТП (аденозин трифосфат или гориво на нашите клетки) за да ги извршува своите задачи.

Складираниот магнезиум не е пасивен, придонесува за стабилизација, раст и минерализација на коските. Неговиот недостиг ги компромитира телесните функции, а болестите како остеопороза се влошуваат.

Магнезиумот игра важна улога во активирањето на витаминот Д. Витамин Д е неопходен за синтеза на калцитриол – хормонот што ја регулира ресорпцијата на калциум и магнезиум во тенкото црево.

Сега, кога имате јасна слика за значењето на магнезиумот за коските имате и јасна задача, да почнете да пиете магнезиум. Телото само не го создава минералот, а статистиките покажуваат дека храната не е доволна за да ги задоволите дневните потреби.

Не чекајте да ве заболат зглобовите или грчевите во ноќта да ви го прекинат сонот ,кога на пазарот постои Dr. Viton Magnezan C. Оваа уникатна комбинација на органски и лесно сварлив магнезиум цитрат и витамин Ц, доаѓа во течна форма. Не само што е лесен за дозирање, туку обезбедува сигурна апсорпција и максимално искористување од страна на коските, нервите и мускулите.

Dr. Viton – Magnezan C можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-c/

Dr. Viton – Magnezan C може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)