Овој мелем ги елиминира мастите и насобраната вода во организмот.
Се прави од здрави намирници – свеж рен, лимон и мед. Веќе многу е кажано за корисните состојки на лимонот и медот, а ренот го чисти организмот и го забрзува метаболизмот.
За да го подготвите овој мелем потребно е – 120 грама рен, 3 лимона и 3 лажици мед.
Ренот треба да се изренда, а потоа да се стави во блендер во кој се додаваат исечканите лимони сосе кората (претходно добро измиени) и медот. Кога се добро ќе се измеша се добива густа напивка, доволна количина за цел ден. Чувајте ја во фрижидер и конзумирајте од неа пред оброците.