Ти мака мачиш со стомакот, бидејќи често одиш по голема нужда. Јас мака мачам со стомакот, бидејќи никако не можам да појдам по голема нужда. И двајцата се чувствуваме мизерно, подуено и се виеме од болки.
Кога стомакот не е среќен, невозможно е ние да сме!
Но, дали знаеш дека за твојата дијареја и за мојот запек лекот е ист? Колку и да звучи контрадикторно, растителните влакна се оние кои го средуваат стомакот во секоја смисла на зборот.
Бидејќи делуваат како антиоксиданти, растителните влакна се одговорни за здравјето на цревната флора без разлика на причинителот што ја загрозува. „Растителните влакна го регулираат транзитот или просечното време за кое храната се движи низ дигестивниот тракт“, вели проф. д-р Joanne L. Slavin од Универзитетот Минесота.
Констипацијата (запек) се случува кога храната пребавно се движи во дебелото црево, резултирајќи со тврда столица која тешко поминува дури и низ аналниот отвор. Растителните влакна буквално ја раздвижуваат храната во дебелото црево. Бидејќи апсорбираат вода, тие ја омекнуваат столицата за полесно да минува.
Дијарејата се случува кога несварената храна се движи пребрзо, пред цревата да стасаат да ја апсорбираат водата, па столицата излегува течна. Растителните влакна да ја апсорбираат водата и затоа моментално делуваат на стврднување на столицата. Забавувајќи го транзитот на храната, растителните влакна им оставаат простор на цревата да ја апсорбираат дополнителната вода. Влакната на некој начин ја поврзуваат сета содржина во дебелото црево, врзувајќи ја несварливата храна заедно.
Излегува дека, за да се формира нормална столица, неопходно е нешто да остане на крајот од дигестијата и апсорпцијата, а да останат можат само растителните влакна.
Типови на влакна: растворливи и нерастворливи
Растителните влакна се несварливиот дел од јаглехидратите присутни најчесто во растенијата како овошје и зеленчук. Во денешно време, растителните влакна се достапни и како готов додаток, што е одлична вест ако се земе предвид фактот дека не внесуваме онолку влакна колку што ни се потребни.
Неодамнешните истражувања покажаа дека постојат многу видови влакна со свој уникатен ефект на дигестивното здравје. Но, воглавно може да се поделат на две категории: растворливи и нерастворливи.
Растворливите влакна делумно се раствораат во вода креирајќи желатинска маса која помага да се намали холестеролот. Нерастворливите влакна непроменети се движат низ дигестивниот тракт и затоа спречуваат запек или пак ја олеснуваат состојбата со тврда столица.
И двата типа растителни влакна го регулираат апетитот давајќи ви чувство на полност во стомакот и ситост, затоа многумна ги користат при слабеење.
Не бирај, ти требаат и двата типа!
Не е погрешно ако се фокусирате на растворливите влакна во случаите кога сакате да го намалите нивото на холестерол во крвта, да го намалите салото околу стомакот или да го поттикнете растот на добрите бактерии во стомакот консумирајќи храна богата со фрукто-олигосахаради – компоненти присутни во некои растителни влакна кои ја имаат таа моќ.
Едно е сигурно, одредени извори на влакна се особено погодни за третирање на конкретни состојби, но тоа не значи дека треба слепо да држите до едната или до другата категорија.
Муабетот е дека стомакот се радува на кој било тип растителни влакна, важно е да не го оставите без ич. Еспертите се согласни дека за непречено функционирање на дигестивниот систем неопходни се ВЛАКНА, без навлегување во детали.
Иако за дијареја или констипација, растворливите влакна имаат блага предност.
Dr. Viton Bio Fiber е 100 % природен пребиотик во прав кој содржи растителни влакна од акација. Овие растворливи влакна се богата ризница на мирко и марконутриенти со кои се хранат добрите бактерии во стомакот овозможувајќи непречена дигестија, а со тоа и посилен имунитет. Лесно, нежно и без никакви нус појави Dr. Viton Bio Fiber ги чисти цревата и го одржува нивното здравје.
Една доза Dr. Viton Bio Fiber содржи 5 грама влакна од акација што е сосем доволна количина за да не поттикнете нус појави. Растворете 1 кафена лажица во 250 мл течност и испијте ја по оброк. Стомакот ќе ви биде благодарен!
Dr. Viton – Biofiber можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-bio-fiber/
Dr. Viton – Biofiber може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)