Колкумина од вас мијат раце после користење на тоалетот? А колкумина мијат после користење на телефонот? Не е чудно ако немате навика да ги миете рацете после дружбата со Facebook или Instagram, но да ве потсетиме, вашиот телефон е повалкан и од јавен тоалет!
Ако ви е тешко да поверувате во тврдењето од погоре, можеби ќе ве разубеди последната анализа на вкупно 56 студии посветени на темата, изведени во 24 земји во светот во периодот помеѓу 2005 и 2019 година. Што вели таа?
Дека 68 % од телефоните се контаминирани!
Бројката сигурно e поголема, бидејќи дел од студиите истражувале само конкретни бактерии и вируси. Уште поинтересно е тоа што анализата не покажала разлика помеѓу нивоата на контаминација помеѓу телефоните на здравствените работници и оние на обичните луѓе. Ова е уште една потврда дека бактерите и вирусите не се концентрирани само во здравствените институции на кои гледаме со гадење, подеднакво бројни се и во вашиот навидум чист дом.
Што значи ова за вашата безбедност?
Контаминираните мобилни телефони се сериозен ризик за биосигурноста, дозволувајќи им на патогените микроорганизми лесно да ја преминат границата. Вирусите можат да живеат на површината на телефонот со часови, денови, па дури и недели. Ако лицето е заразено со актуелниот Ковид-19, голема е веројатноста и неговиот телефон да е контаминиран. Вирусот лесно може да се пренесе од телефонот на други индивидуи преку директен или индиректен контакт.
Мобилните телефони и останатите екрани кои работат на допир, како оние во банките, на шалтерите за пријавување на аеродромите, екраните за забава во авионите, најверојатно допринесоа за брзото ширење на Ковид-19 низ целиот свет.
Зошто телефоните се толку често контаминирани?
Мобилните телефони се речиси идеални преносители на болести. Со самото тоа што ги користиме за комуникација, ние редовно ги полниме со микроби преку капките плунка. Нека кренат два прста оние кои јадат заедно со телефонот? Секогаш кога јадете со телефонот, знајте дека им обезбедувате неопходни хранливи материи (преку прстите) на микробите за да напредуваат. Ако го носите мобилниот и во тоалет, а го носите, тогаш истиот е изложен и на фекална контаминација.
Да скратиме, мобилните се буквално секаде и секогаш со нас. Тоа значи дека ние постојано сме во контакт со микробите кои живеат на нив. И температурата на самиот телефон која е константна, бидејќи ги носиме во џеб или чанта, е идеална за микробите да преживеат.
Чистете го телефонот!
Во просек, луѓето го допираат телефонот три часа секој ден или повеќе од 5.000 пати дневно. Но, колку од нив го чистат? Едвај три четвртини. Време е за нови навики, во спротивно залудни се кампањите за миење раце.
Телефонот треба да се дезинфицира, а тоа најлесно и најбезбедно ќе го изведете со Dr. Viton CLINOX. Оваа 2 во 1 симпатична направа ќе ви овозможи да го прснете екранот со специјалното средство, а потоа да го пребришете со микрофибер материјалот кој се наоѓа на самото шишенце.
Дезинфектантoт на Dr. Viton CLINOX е антистатички и не содржи алкохол кој има разорен ефект на екраните и куќиштата на гаџетите.
Производот може да го набавите во аптеките на: Зегин, Еурофарм, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и сите подобро снабдени аптеки.
Исто така можете да ги најдете во мобиларите: Ledikom и Megamobile, во Тинекс маркети и на бензиските пумпи на Макпетрол.
Dr. Viton – Clinox можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-clinox/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
*(Достава до домашна адреса со брза пошта)