Дали знаеш дека позитивната енергија во твојот дом можеш да ја зголемиш само со еден едноставен чекор? Како на пример да ги засукаш ракавите и да го отстраниш сиот неред?
Нередот во домот или во работниот простор, кој сите го имаме понекогаш повеќе, а понекогаш помалку, е главната причина за одлив на позитивната енергија!
Според принципите на фенгг шуи, нередот не само што ја намалува позитивната енергија, туку истовремено допринесува и за да се чувствуваш изморено, безживотно и без никаква мотивација.
Но, тоа не е се, нередот околу нас честопати освен енергијата ни го одзема и драгоценото време!
Луѓето кои живеат во неуредни домови, честопати трошат многу повеќе време, за на пример да ги најдат затурените работи, клучеви, пари, моливи и пенкала, па дури и сметки.
Понекогаш дури и кога гледаме во предметот кој го бараме, станува невозможно да го видиме токму поради сиот дополнителен неред околу него.
И не само што дополнително губиме време, туку истовремено може да загубиме и пари бидејќи не сме ги организирале добро, на пример документите за менаџирање на нашите финансии.
Секој неред е и извор на стрес, на многу начини, а освен тоа е и извор на срам во случај да ни дојдат ненајавени гости.
Пренатрупаниот и неуреден дом, намсто да е безгрижно гнездо во кое би се релаксирале после работа, и самиот е извор на стрес и фрустрација и го зголемува преморот кој го чувствуваме од напорниот ден веднаш штом ќе влеземе во него.
И токму затоа, ако твојот дом е пренатрупан со растурени предмети насекаде, отараси се од нив или подреди ги, за конечно да започнеш да живееш посреќен живот!
Збогувај се со сиот тој неред и кажи и добредојде на позитивната енергија!
Еве неколку едноставни совети, за како брзо и лесно да си го суредиш домот:
- Ако внесеш нешто ново, ослободи се од нешто старо
- Секој ден зачистувај по малку, а еднаш неделно задолжително направи детално чистење на просторот
- Повикај некој на гости и почни повеќе да уживаш во времето минато со пријателите или семејството и тоа во среден дом
- Разубави го твојот домашен простор и кога навистина ќе почнеш да уживаш во него, многу полесно ќе ти биде да го одржиш уреден
Штом го отстраниш сиот непотребен вишок на предмети и ѓубре од домот, време е да додадеш некои ситни работи за да го персонализираш домот и за да го претвориш во идеално место за уживање и релаксација.
На пример, би можел да додадеш миризливи свеќи или некои симпатични украсчиња или нови рамки за слики.
Во бањата би можел да додадеш некои спа реквизити, а во спалната соба пријатни покривки или пригушено амбиентно светло.
Откако ќе се потрудиш со љубов да го суредиш својот дом и тоа според сопствениот вкус и потреби, времето кое ќе го минуваш во него може да ти стане токму најомилениот дел од денот!
Ако ти треба дополнителна мотивација за да станеш од комфорната фотелја и да се фатиш за работа, напиј се Dr. Viton Magnezan B6.
Комбинирајќи ги двете состојки со докажани релаксирачки својства – магнезиумот и витаминот Б6, Dr. Viton креираше совршен сојуз кој ја средува мрозволноста. Од овие причини Dr. Viton Magnezan B6 треба да стане сенката на вашето постоење, бидејќи ќе ви даде мотивација и елан за сите предизвици, а камоли за рутинско чистење.
Остар ум, висока концентрација, мирно срце, опуштени мускули, се само дел од придобивките што ги овозможува Dr. Viton Magnezan B6, само поради тоа што успева да го контролира количеството на кортизол.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)