Најчести причинители за првутот се стресот, недостаток на витаминот Б и премногу активни лојни жлезди. Борба со првут води секоја петта личност во светот.
Ако ни вие не можете да се изборите со перутот пробајте ги следниве природни препарати.
1. Јогурт и црн бибер
Во јогурт додадете две лажички црн бибер и промешајте. Смесата втријте ја во косата и оставете ја да делува еден саат, а потоа измијте ја со шампон.
2. Маслиново масло
Пред спиење, на скалпот нанесете млако маслиново масло и тоа со кружни движења. Наутро косата измијте ја со понежен шампон.
3. Лимунов сок и кокосово масло
Измешајте една лажица лимонов сок и пет лажици кокосово масло. Смесата нанесете ја на скалпот и оставете ја да отстои 20 до 30 минути, а потоа измијте ја со шампон.
4. Оцетна киселина
Постојат неколку начини за употреба на киселина во борбата против првутот.
На пример, можете да го масирате скалпот седум минути со оцетна киселина или да измешате лажица со киселина во филџан со вода и да ја нанесете кога ќе бидете на крај со миење на косата.
5. Јајца
Изматете две јајца , втријте ги во скалпот и оставете ги да делуваат еден час. Јајцето делува како добар омекнувач за сувата коса и и’ дава сјај.