Доколку имате проблеми со гастритис, чир, воспаление на дебелото црево, желудочна киселина, лошо варење и бавен метаболизам ви го предлагаме овој народен лек. Рецептот е многу едноставен и проверено ефикасен.
Членовите на нашиот портал лично можат да ви потврдат дека овој народен лек одлично функционира.
За лекот ви се потребни зелка и соковник.
Секое утро треба да исцедите свеж сок од зелка од 1 до 1,5 дл. Испијте го тоа на празен желудник и ништо друго не јадете наредните два часа. Ова повторувајте го 40 дена. Откако ќе ја завршите терапијата проверете ги резултатите и ефектите. Терапијата по потреба можете да ја продолжите додека е потребно. Доколку немате соковник зелката можете да ја измелете или изрендате, малку да ја посолите и оставете да стои. После тоа добро исцедете ја низ двојна газа за да го истискате сокот.
Освен, прекрасните ефекти против воспаление на органите за варење, гастритис, чир и други проблеми на цревата, од сокот од зелка може да имате и дополнителна корист.
Ако пиете сок од зелка 40 дена по ред, вашата крвна слика значително ќе се подобри, ќе го намалите штетниот ЛДЛ холестерол, ќе го намалите крвниот притисок, ќе имате посјајна и почиста кожа, а ќе ја намалите и телесната тежина за неколку килограми.
Зелката е зеленчук со висока биолошка и ниска калорична вредност (24 кал на 100г), а просечно содржи : 92,52% вода, 1,21% протеини, 0,18% масти и 2,3% влакна.
Најмногу застапени се : витаминот Ц ( 42мг на 100 гр. ) и бета каротен ( провитамин витамин А ), а потоа минералите : калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар. Малите количини на натриум, како и поволниот однос на калциум и фосфор го осигуруваат максималното искористување на калциумот во организмот.