Диета за возрасни креирана од децата

Ако не можете да најдете мотивација за да се храните здраво и да си составите здрав режим, погледнете ги децата: 

1. Тие цел ден не запираат

Од моментот кога ќе станат од кревет, додека повторно не дојде време за спиење, тие се една машина за согорување на калории – бегаат, скокаат, трчаат, се тркалаат … Дури и кога цртаат, тие ги нишаат нозете, зошто ако престанат, ќе заборават како да се движат. Земете го примерот од нив – повеќе движења, повеќе енергија и нема вишок килограми.

2. Престануваат да јадат кога ќе се заситат

Кај децата нема “јадам додека не си ја изедам порцијата”. Тие запираат кога ќе добијат сигнал дека стомачето е полно и не обрнуваат внимание на повиците “Ти остана една парче, изеди го”.

3. Сакаат да се гледаат голи

Тие се гордеат со своето тело. Ако вие постојано го критикувате Вашето тело, застанете и размислете. Тоа е Вашето тело – треба да го почитувате и научете да го сакате.

4. Тие се флексибилни

Децата се како од пластелин. Зошто? Затоа што секој ден нешто прават – тие имитираат бротчиња, коли, мотори, авиони, играат со топка, висат по дрва и се виткаат во невозможни пози. Како возрасни, ние ја губиме својата флексибилност, бидејќи престануваме да ги правиме овие вежби за растегнување. Одвојте неколку минути наутро, за да ги растегнете екстремитетите и ‘рбетот.
Ако не можете да најдете мотивација за да се храните здраво и да си составите здрав режим, погледнете ги децата:

5. Тие си легнуваат рано

Нормално дека ќе си легнат рано, бидејќи цел ден ги прават горните 4 активности. Наутро се ведри и полни со енергија – скокаат како пружината од креветот. Кога последен пат Вие сте си легнале пред 22.00 часот?

Пробајте една вечер да си легнете рано без да се посвети внимание на компјутерот и телевизорот, наутро кога ќе станете, се ќе се промени, ќе го пречекате денот со насмевка и ќе се уверите дека има нешто што може да научите од своите деца.